Кичево
По повод големиот Христијански празник „Велигден“, с.Брждани организира турнир во мал фудбал, сите заинтересирани можат да се пријавуваат
Почитувани љубители на фудбалот, по повод најголемиот Христијански празник „Велигден“ село Брждани – кичевско ја продолжува традицијата и ќе организира турнир во мал фудбал. Турнирот започнува на ден 23.04.2022 (сабота), додека влечењето на фудбалски екипи ќе се реализира во рес. „Кај Кумот“ во 18:00 часот ден предтоа 22.04.2022 (петок). За финалето и одигрувањата за трето место сите екипи ќе бидат известени на денот на извлекувањето.
Учество на екипа чини 1000 денари, право на игра / 5+1
Медиумски спонзор Порта.мк, додека останатите спонзори кои дадоа скромен придонес за реализација на турнирот се: Ресторан „Кај Кумот“, „Унимак 95“, Ресторан „Милениум“, Fast Food „Bistro“, Пицерија „Стивале“, Ресторан „Мерак“ с. Пополжани, Книжарница „Киже“, Ресторан „Линди“, Маркет „Андроко“
Награда од спонзори 10.000 ден, плус средствата од екипите ќе бидат вклучени во наградите.
Сите заинтересирани за учество на турнирот, можат да се пријават со остварување контакт на следните броеви:
Ивица☎️072/270-249
Аце☎️077/616-350
Јовица☎️072/536-425
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
Кичево
Д-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
Вчера на локалните избори во втор круг победи Д-р Александар Јовановски. Кандидатот кој водеше граѓанска кампања на локалните избори се покажа дека токму тоа е потребно на кичевчани, така што со 14,228 гласови за разлика од опонентот кој го водеше градот три мандати кој освои 2020 гласови помалку, г-дин Јовановски стана нов гратски татко, поддржан дефинитивно од сите политички субјекти, неопределени и определени.
Популарниот „Док“, г-дин Александар Јовановски (49 год) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на албанката Линдита Лимани Јовановска (39), среќно оженет во 2014 година. Таа е магистер, професор по англиски јазик. Татко е на три деца Јана, Живко и Дафина.
Во својата богата кариера, владее одличен рејтинг, а сега народот му дава нова улога – градоначалник на град Кичево. Мултиетничка средина, во која Јовановски сигурно ќе постигне позитивни резултати.
Од нашата редакција упатуваме честитки, за успешна и плодна работа, работа која дефакто мора да стартува час поскоро. Сигурни сме во мнозинскиот избор на кичевчани, дека Докторот ќе биде со фокус на единство, прекугранично меѓуетничко разбирање, и ќе биде човек кој не гледа националност, ќе гледа работа и просперитет.
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Временска прогноза2 денаЗа зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
-
Технологија2 денаКичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (7 ноември)
-
Култура18 часаУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Хороскоп9 часаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Македонија17 часаСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Македонија2 денаАвтомобил удри велосипедист од Гевгелија, кај велосипедистот констатирана алкохолизирана состојба
-
Балкан2 денаЦрвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
