Кичево
(ФОТО) Вчера во с.Цер со свеченост се отскри спомен плоча на загинатите борци пред и по Илинденската Епопеа

Вчера на ден 04.08.2024 ( недела ) во с.Цер кичевско се отскри спомен плочата на загинатите борци пред и по Илинденската Епопеа.
Спомен обележјето со свечена пригодба го одскрија Тони Митаноски, Васко Станкоски, Бобан Станкоски и Филип Кокароски.
Имено, на плочата се запишани имињата на Војводата Анѓеле Танаскоски од Брсјачката Буна 1880 година Војводата Сиљан Пардов – Љубен и комитите Вељан Фиданов, Ангел Кокарев, Китан Јошев, Стојан Кацев и Спиро, кои животите ги положија во с.Баница во Областа Сер Егејска Македонија на 21.05.1903 година.
На оваа спомен плоча се запишани и имињата на 12 – ет мина загинати од битката на Ѓургејца:
Спиро Зуноски, Анѓеле Китески, Спиро Бурески, Јон Стаматоски, Ташко Тавоски, Стојан Кацески, Блаже Магдески, Никола Арминоски и Анѓеле Попоски – Зеленко, како и имињата на останатите загинати комити од Цер:
Наум Бурески, Анѓеле Дуртаноски, Трајан Арминоски, Трајан Богданоски, Цветан Магдески, Стојко Робевски.
На спомен плочата се запишани и имињата на загинатите во НОБ партизанот Кицо Аврамоски, како и името на Вецко Стаматоски кој бил член во тајната организација ВМРО – ПРАВДА кој бил убиен во Затворот Идризово во Скопје во 1950 година. Член бил во организирање на Акцијата Бура, суден за идеалите на ВМРО за Независна и Обединета Македонија.
На овој ден исто така одбележавме 121 година од битката на Ѓургејца, единствената добиена битка за време на Илинденското востание.
Во оваа битка смртно бил погоден башибозучкиот водач Сефер Ага од Зајас.
Битката за слобода ја платија со својот живот 30 комити од кој поголемиот дел беа родум од Цер.
На осветување на спомен обележјето чиноначелствуваше Отец Александар Матески од Дебарско – Кичевската Митрополија од МПЦ – ОА.
На настанот присуствуваа голем број месно население, како и членовите на ВМРО – ДПМНЕ од Кичево, генералниот секретар г-дин Ѓорѓија Сајкоски, како и Заменик Министерот за Јавна администрација Лазе Јаќимоски од редовите на истата партија.
Како што Охрид представува расадник на сесловенската писменост, така Цер е темелот на државотворноста и идеалот за самостојна, суверена и независна Република Македонија.
Вечен спомен на сите Херои од Цер кои ги положија животите на олтарот за самостојна, суверена и независна Република Македонија.
Галерија:
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево7 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника13 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот