Кичево
(ФОТО) По цели 50 години во храмот „Св.Богородица“ – с.Кленоец кичевско, отслужена Света божествена Литургија, за многу години!

Денес 14.10.2023 во с.Кленоец кичевско мештаните и граѓаните на град Кичево присуствуваа на еден убав настан во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ кој со градба е започнат во 1911 година, додека истиот бил завршен во далечната 1917 год. Неговото осветување во историјата на ова прекрасно село е запишано во 1924 година.
За неговата автентична градба се погрижиле самите мештани од с.Кленоец, како и за негова реобнова и секојдневно одржување. Карактеристично за ова место е исто така дека како прв питроп на црквата низ историјата се забележува член од фамилијата Наумоски.
Денес исто така свештените лица од кичевската парохија чествувајќи го споменот на чудото на Пресвета Богородица во Влахерна, отслужија Света божествена Литургија која е за првпат по период од околу 50 години на ова место.
Нека Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица нѐ заштити под својот покров во овие немирни времиња и го запази овој град, селото и цела наша држава Македонија од сите непријатности, а нас да нѐ обедини и да нѐ спаси по нејзините молитви.
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника13 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот