Магазин
Сакаат да ги раздвојат Google и Chrome
Министерството за правда на САД има намера да поднесе судска наредба за раздвојување на Google (дел од матичната компанија Alphabet) од неговиот веб-прелистувач Chrome. Овој потег претставува значаен удар врз една од најголемите технолошки компании во светот.
Антимонополски мерки против Google
Случајот започна уште за време на администрацијата на Доналд Трамп и продолжи под претседателството на Џо Бајден, претставувајќи го најагресивниот обид на владата за ограничување на моќта на технолошките гиганти од обидот за растурање на Microsoft пред две децении.
Според Bloomberg, Министерството за правда ќе бара:
- Присилна продажба на Chrome за справување со монополската позиција на Google на пазарот за интернет-пребарување.
- Намалување на доминацијата на Google во сегментите како што се вештачката интелигенција и оперативниот систем Android.
- Имплементација на услови за лиценцирање податоци, што би можело да ги преобликува онлајн пребарувањето и индустријата за вештачка интелигенција.
Стратегиската улога на Chrome
Google го користи Chrome не само како алатка за пребарување, туку и како клуч за неговиот рекламен бизнис. Со користење на податоците од активностите на корисниците, компанијата успешно насочува реклами и генерира најголем дел од својот приход. Дополнително, Chrome служи како платформа за промовирање на нови производи, како што е напредниот AI модел Gemini, кој има потенцијал да еволуира од chatbot во дигитален асистент.
Реакции на Google и пазарот
Потпретседателот на Google за регулаторни прашања изјави дека Министерството за правда „продолжува да турка радикална агенда што ги надминува правните прашања во овој случај“. Според неа, ваквите потези може да имаат негативни последици врз потрошувачите, програмерите и технолошкиот напредок на САД.
Акциите на Alphabet паднаа за 1,8% на 172,16 долари во доцното тргување, иако годинава нивната вредност е зголемена за 25%.
Останува да се види како овој случај ќе влијае врз технолошката индустрија и пазарот на дигитални услуги.
Магазин
Топ 10 најпродавани телефони со вештачка интелигенција во светот
Само два бренда, Apple и Samsung, доминираат на глобалниот пазар на мобилни телефони со вештачка интелигенција (AI), заземајќи ги сите десет места меѓу најпродаваните уреди.
Мобилните телефони со AI се една од најпопуларните технолошки категории оваа година. Според извештајот од Canalys, стапката на раст за овие телефони ќе достигне 17% во 2024 година и се предвидува да се зголеми на 32% до 2025 година. Технологиите базирани на AI стануваат сè позастапени, не само кај премиум моделите, туку и во средната и високата класа.
Глобални податоци за пазарот на AI мобилни телефони (Q3 2024):
- Apple: 32,1 милиони единици испорачани, со доминантен пазарен удел од 61%.
- Samsung: 25% удел на пазарот.
- Xiaomi: 7%,
- vivo: 4%,
- Honor: 2%.
Топ 10 најпродавани мобилни телефони со AI:
- iPhone 16 Pro
- iPhone 16 Pro Max
- iPhone 15 Pro Max
- iPhone 16
- iPhone 15 Pro
- Samsung Galaxy S24 Ultra
- Samsung Galaxy S24
- Samsung Galaxy Z Flip6
- Samsung Galaxy S24+
- Samsung Galaxy Z Fold6
Apple ги зазема првите пет места, додека Samsung доминира од шестото до десеттото место. Оваа статистика ја потврдува нивната неприкосновеност на глобалниот пазар за мобилни телефони со вештачка интелигенција.
Извор: Benchmark
Магазин
Google Photos најавува ажурирање
Наскоро во Google Photos доаѓа нова функција.
Google додаде нова функција во Google Photos што го олеснува следењето на новата активност во споделените албуми. Новиот дел им овозможува на корисниците да гледаат известувања како што се ажурирања на споделени албуми и разговори во Google Photos.
Така, кога ќе добиете нов споделен албум, можете да видите дали некој ви додава нови фотографии и објавува коментари во делот Ажурирања . Корисниците можат да пристапат до ажурирањата со допирање на иконата за ѕвонче што наскоро ќе се појави до копчето за споделување. Во рамките на овој дел, ќе се прикаже временска линија и корисниците ќе можат да ги видат активностите од денес, вчера, оваа недела, овој месец или минатиот месец.
Извор: indianexpress
Хороскоп
Хороскоп за сабота (7 декември)
ОВЕН
Препреките кои денес ви се појавуваат можат да бидат прилично тешки за вас. Бидете внимателни и смирени. Вашата самодоверба е одлучувачки фактор на ова поле. Ја освојувате личноста која ви се допаѓа. Здравјето е добро.
БИК
Ако сте во улога на шеф, може да очекувате добар период за реорганизација на некои работи на ова поле. Во однос на партнерот недостасува флексибилност и добра комуникација. Потрудете се да се прилагодите на него. Хронични проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Во последен момент решавате некои проблеми на деловно поле. Конечно ќе бидете задоволни со ситуацијата на работно поле. Иако покажувате дека ја сакате личноста со која сте во врска, повремено имате потреба да флертувате. Бавете се со спорт и бидете активни.
РАК
Денешнниот ден е многу поволен за работа. Може да очекувате дека сѐ ќе држите под контрола. Во вашата врска денес ќе се појави некој помал проблем во комуникацијата. Потрудете се да покажете трпение. Чувајте ги бубрезите.
ЛАВ
Ве очекуваат многу предизвици на деловно поле. За да ги надминете потребна ви е мудра тактика. Не се чвствувате повеќе исто покрај личноста со која сте во врска и полека се гледа крајот. Проблеми со урогениталниот тракт.
ДЕВИЦА
Проблемите на деловно поле денес лесно ќе ги решите. Моменталната ситуација на љубовно поле не ви се допаѓа. На некој начин сте разочарани во саканата личност. Ослабен имунитет. Внимавајте на здравјето.
ВАГА
Додека не ги расчистите сите обврски и долгови од минатото, не може да продолжите понатаму. Потрудете се што повеќе да се посветите на работата. Ситуацијата на љубовно поле би можела да биде на некој начин проблематична денес. Забрзана работа на срцето.
ШКОРПИЈА
Можно е да дојде до помали компликации или некои непредвидени проблеми на работно поле денес. Иако не сте подготвени за нова врска, постои личност која ви се допаѓа и за која честопати размислувате. Чувствителен граден кош.
СТРЕЛЕЦ
До решение на проблемите доаѓате прилично лесно. Некои работи денес одат подобро отколку што очекувавте. Вашиот партнер покажува незадоволство. Можеби доаѓа време да направите нешто во врска со тоа? Чувствителни синуси.
ЈАРЕЦ
Потребно ви е време даа се навикнете на новото деловно опкружување. Пред вас се многу промени. Иако сте свесни за мааните кои ги има вашиот партнер и понатаму го сакате на некој начин. Зголемен апетит.
ВОДОЛИЈА
Трудете се да балансирате во меѓучовечките односи со работното опкружување, а тоа нема да биде лесно денес. Моменталниот партнер не ви одговара, но сѐ уште не сакате да раскинете. Зголемен крвен притисок.
РИБИ
Среќата повторно ве погледна и задоволни сте од околностите на работното место. Можно е да дојде до решение на проблемот. Денешниот ден ви носи можност за остварување на некои тајни врски. Ве мачи несоница.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (7 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 декември)
-
Спорт6 часа
Кичевското „трио“ ќе ја дели правдата утре на мечот „Струга ТЛ – Воска“, Ставрев и Костадинов на „Тодор Проески“ за последен пат пред пензија на „ФК Работнички – ФК Пелистер“
-
Кичево1 ден
Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески од Кичево!
-
Македонија1 ден
Утрово кај охридско Ново Село, полициски службеници направиле сообраќајка со службено возило
-
Спорт2 дена
Едоардо Бове фудбалерот од Фиорентина кој колабираше на терен, постои можност неговата професионална кариера да ја заврши
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 6 декември
-
Временска прогноза7 минути
Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на Скијачките центри ќе се зголемува!