Магазин
Samsung Galaxy S24 Ultra симнат од тронот: За прв пат не влезе во Топ 10 најпродавани Android телефони
Најпродаваниот Android предводник, Samsung Galaxy S24 Ultra, за прв пат не успеа да влезе во листата на Топ 10 најпродавани телефони во третиот квартал од 2024 година. Според најновиот извештај на компанијата за истражување на пазарот Counterpoint, моделот Samsung S24 го замени S24 Ultra како најпопуларен Android телефон.
Промена на врвот
Во претходните квартали (Q1 и Q2), Samsung S24 Ultra постојано се рангираше како најпродаван Android телефон. Меѓутоа, во третиот квартал, изненадувачки, забележан е пад во продажбата, што резултираше со негово испаѓање од Топ 10. Овој пад беше очекуван, бидејќи со текот на времето, цената станува клучен фактор за потрошувачите при изборот на нов уред.
Топ 10 најпродавани телефони во третиот квартал од 2024 година
Според најновата листа на Counterpoint, Samsung Galaxy S24 успеа да ја преземе водечката позиција од S24 Ultra, поставувајќи го Samsung повторно на врвот на пазарот. Ова е прв пат од 2018 година некој уред од серијата Galaxy S да влезе во Топ 10 најпродавани телефони во Q3.
На листата за третиот квартал, Apple зазеде четири позиции, додека Samsung доминираше со пет уреди. Apple ги освои првите три места со своите iPhone 15, iPhone 15 Pro Max и iPhone 15 Pro модели, а на листата се најде и iPhone 14. Иако новата iPhone 16 серија не успеа да влезе на листата поради краткото време на продажба, се очекува таа да го промени пазарот во Q4.
Успехот на серијата Galaxy A
Серијата Galaxy A на Samsung исто така покажа одлични резултати. Моделите A15 4G, A15 5G, A35 5G и A05 ги зазедоа позициите од четврто до седмо место. Од нив, Samsung A15 4G беше најпродаваниот Android телефон во светот, благодарение на големата побарувачка на пазарите во развој.
Други истакнати модели
Покрај Apple и Samsung, во Топ 10 остана и Redmi 13C 4G, кој продолжува да биде популарен избор меѓу корисниците.
Со претстојните празнични сезони, се очекува интересни промени на листата во четвртиот квартал, особено со новите модели од Apple и Samsung.
Магазин
Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по петти пат, со голема радост ја најави нејзината традиционална хуманитарна Новогодишна 🎄 акција со илустрирани честитки!
Нејзината 🎄 новогодишна акција, Ви ја споделуваме во целост:
Со огромна радост, ја објавувам годинешната хуманитарна акција со Новогодишни честитки! Честитките се илустрирани од мене, со многу љубов и внимание. Ви носам свежи дизајни во кои има чувство на топлина, се буди носталгија, но и надеж за поубави времиња во иднина. Честитките се во А6 формат и се отвораат. Подетален опис има под секоја честитка индивидуално.
За прв пат оваа година, благодарение на Студио Контура, честитките се печатени на рециклирана хартија – што значи, имаме и еколошки елемент на акцијата. Како и сите години претходно, принтот си го покриваме јас и Nikola, честитките се продаваат по само 50 денари, и цел профит оди за хуманитарни цели кои ги одлучувам на крај на акцијата.
Еве како се алоцираа средствата претходните години:
https://tinyurl.com/chestitki2025
https://tinyurl.com/chestitki2024
https://tinyurl.com/chestitki2023
https://tinyurl.com/chestitki2021
Честитките се достапни преку порака, во инбокс кај мене.
За во:
– Скопје – Ви ги доставувам лично на договорено место;
– Кичево и Струга – или ќе ги земете од кај нашите семејства, или ќе ви ги донесам ако сум јас во тој период тука;
– Други градови: Испраќам по карго, за порачани 14+ честитки доставата е бесплатна.
– Оваа прилика сакам да ја искористам и сакам најтопло да се заблагодарам на вашиот медиум кој секоја година ми дава значајна поддршка, како и на секој од вас што претходните години си купи од моите честитки, и однапред да се заблагодарам на сите кои ќе купите честитки годинава. Без сите Вас, овие акции не би биле можни. Јас сум пресреќна што години уназад, со мојот скромен талент успевам да направам нешто убаво, но и што сите Вие имате доверба во мене, за Порта.мк истакна Ивана
Хумани луѓе, пишете ми за порачка и споделувајте ја акцијата!
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 декември)
ОВЕН
Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка. На емоционален план имате потреба да доминирате над партнерот. Здравјето е солидно.
БИК
На работното место сте самоуверени и влегувате во конфликти само за да докажете дека сте во право. Емотивно сте расположени за размена на нежности и слатки зборови со другата половина. Прошетката е добар начин за опуштање и подобрување на расположението.
БЛИЗНАЦИ
Деловните проблеми никако да завршат а тоа ве прави фрустрирани. Емоциите ви вријат, можете да дојдете до проблеми во врската поради љубомора. Кога е здравјето во прашање, физички сте неактивни а тоа доаѓа на ваша штета.
РАК
Ви следи деловно и финансиски успешен ден. Ќе бидете задоволни затоа што трудот ќе ви се исплати. Во емоционална смисла сте потонале и размислувате за минатото кое не можете да го промените. Здравјето е солидно.
ЛАВ
Поради работата самодовербата ви е доста ниска. Сатисфакција добивате на емоционално ниво преку партнерот на чија љубов и поддршка можете да сметате во секој миг. Кожата ви е прилично чувствителна.
ДЕВИЦА
Денес е поволен ден за да се позанимавате со некои постари обврски и конечно да ги тргнете од дневниот ред. Во емоционална смисла сте незаинтересирани за било какви дружења или нови познанства. Здравјето ви е солидно.
ВАГА
Расположени сте за работи и сите цели ви делуваат лесно остварливи и достапни. На емоционален план сте напнати па можно е да вашето незадоволство да го „истурите“ врз партнерот. На здравствено поле можни се проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Во тек е деловен ден поради што ќе се чувствувате максимално фрустрирани. Имате чувство дека не се поместувате од мртва точка. Денот е одличен за љубовна комуникација од таен тип. Синусите ви се прилично чувствителни.
СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден е неповолен за комуникација и сообраќај па пожелно е да бидете внимателни. Во емоционална смисла сте затворени и не сакате да зборувате отворено за вашите емоции. Ве очекува нервоза од минлив тип.
ЈАРЕЦ
Денот е неповолен за состаноци па можете да очекувате неко од нив да бидат одложени, а на оние кои ќе бидат одржани можно е да не го добиете она кое го посакувате. Имате понуда за да влезете во нова авантура, но ќе размислувате дали да ја искористите. Чувствително грло.
ВОДОЛИЈА
Ова е одличен ден за јавен деловен успех особено ако работата има врска со законот или јавноста. Расположени сте за љубов, гледање и комуникација со другата половина. На здравствено поле немате проблеми.
РИБИ
Максимално сте посветени на своите деловни обврски и успех. Денес е одличен ден за ново познанство со потенцијалниот партнер кој можете да го запознаете преку работа. Во физичка смисла сте стабилни и силни.
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Магазин2 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп12 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Спорт2 денаБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Македонија14 часаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет14 часаПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
-
Временска прогноза3 часаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
