Следете не

Македонија

Се бара лице од Белгија кое пријавило планинарење во охридско-струшкиот регион

Објавено пред

на

На 18.09.2024 од амбасадата на Кралството Белгија било пријавено дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија. Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење.

Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Македонија

Укината целосната забрана за движење во шуми поради проценка за намален ризик од шумски пожари

Објавено пред

на

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024год, заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП Национални шуми, известува Центарот за управување со кризи.

Прочитај повеќе...

Македонија

РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство

Објавено пред

на

Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата.

Оттаму за јавноста нагласија дека за директор на РЕК Осломеј е назначен Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот, додека на директорска позиција во Осломеј е именуван и кичевчанецот Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.

За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, а досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола.

Од компанијата информираат дека „в.д. директор на подружницата ТЕЦ Неготино е Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната.

Извор: 4news.mk

Прочитај повеќе...

Македонија

Стружанец заработи кривична пријава поради предизвикување пожар

Објавено пред

на

©porta.mk (архива)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с.Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К, известуваат од МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија40 секунди

Се бара лице од Белгија кое пријавило планинарење во охридско-струшкиот регион

На 18.09.2024 од амбасадата на Кралството Белгија било пријавено дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија. Според пријавеното, тој имал планирано рута...

Магазин6 часа

Samsung Galaxy S24 FE пристигнува на 26 септември со поголем екран и нови функции

Се очекува Samsung да го претстави Galaxy S24 FE на 26 септември, заедно со серијата Galaxy Tab S10 Samsung Galaxy S24...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за недела (22 септември)

ОВЕН Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста...

Култура20 часа

(ФОТО) Нашиот заштитник Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“ вчера и денес беше посетен од голем број верници

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба вчера вечер и денес на утро се разбира, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ беше посетен...

Свет23 часа

За неколку дена Земјата ќе прими гостин: Заедно со Месечината ќе се појави и „мини-месечина“.

Астероидот нема да претставува никаква опасност за Земјата, а повторно ќе се врати на почетокот на 2025 година. Веќе сме...

Автомобили23 часа

Ситуацијата станува посериозна: VW планира 30.000 отпуштања во Германија

Болната групација Фолксваген би можела да укине до 30.000 работни места во Германија. Дополнително, финансискиот директор Арно Антлиц сака да...

Магазин23 часа

Што ако телефонот ви е украден? Заклучете го од далечина со овие упатства

Ние чуваме чувствителни работи на нашите телефони, како лозинки, приватни фотографии или финансиски податоци. Важно е да знаете како можете...

Магазин23 часа

iPhone 15 Pro Max добива дополнителен час траење на батеријата благодарение на оптимизацијата на iOS 18

Кинески блогер спроведе тест на батеријата на новите водечки уреди, споредувајќи ги со iPhone 15 Pro, iPhone 15 Pro Max...

Занимливости1 ден

Дали знаевте за мега-калкулаторот кој е практично компјутер?

TI-84 Plus е десетгодишен дигитрон кој има монопол на образовниот пазар. Овој конкретен уред доби ново ажурирање. ChromaLock го трансформираше...

Спорт2 дена

Истакнат официјалниот календар за новата сезона во прва футсал лига, додека викендов започнува и новата сезона за „Детската лига“ во фудбал

Во „Ќука на фудбалот” вчера со извлекување беа одредедени двојките за новата натпреварувачка сезона во Прва футсал лига. Комплетниот распоред...

НАЈЧИТАНИ