Македонија
Се бара лице од Белгија кое пријавило планинарење во охридско-струшкиот регион
На 18.09.2024 од амбасадата на Кралството Белгија било пријавено дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија. Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење.
Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Гостин од Австрија во хотел во Охрид било пријавено дека паднал од балкон
На 13.10.2024 во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во хотелот. Се работи за лицето M.K.(49) од Австрија, кој бил во друштво со С.Ф.В.(40) од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, вчера извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Денес се чествува 83 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
Денес се чествува 83 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.
Историја
По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.
И пред 11 октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, на 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентотМане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец.
Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани,распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.
Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.
Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.
Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од Смилево, мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.
Дејствија има и во Кумановско. На 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14 октомври, а Козјачкиот одред – на 17 октомври.
Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.
Македонија
На малопродажните објекти авто-плинот со нова покачена цена за литар
„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес се продава со покачена цена за литар, односно цената е зголемена за 2,5 денари.
Имено како што знаеме ова гориво не е под Регулаторна комисија за енергетика, така што истата зависи од малопродажните објекти (бензински станици).
На малопродажните објекти денес авто-гасот се продава по цена од 44,00 ден/лит, додека во пракса на некои од малопродажните објекти се продава по цена од 43,50 ден/лит.
Претходно последна промена на ова погонско гориво бележиме летово на 21-ви јуни каде цената се намалила за 2,5 ден и истото чинело 41,50 ден/лит
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (14 октомври)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (15 октомври)
-
Кичево4 часа
Денес е меѓународен ден на руралната жена, кичевчани горди на домаќинките од нашиот крај кои ја негуваат традицијата
-
Автомобили1 ден
Вечната дилема: Дали треба да се загрее моторот пред возење?
-
Спорт13 часа
Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за „УЕФА Б“ курс.
-
Технологија1 ден
Најдобрите паметни часовници за 2024 година
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација вчера забележа победа против Ерменија и го бетонира првото место во групата
-
Магазин1 ден
Apple iPhone 16 Pro: Совршенство на 16-тата генерација