Следете не

Спорт

Се изборивме против Романија, следуваат нашите стари познаници Чешка, одиме на Светско!

Објавено пред

на

Ракометарите на Македонија се изборија пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство. Во првиот меч нашите славеа против Романија со 30:22, а во реваншот беа поразени со 24:22 (12:12).

Најефикасни во составот која во ниту еден момент не дозволи Романија да мисли дека може да ја надополни негативата од осум гола, беа Кирил Лазаров со шест, Филип Кузмановски со три или Филип Талески, Гоце Георгијевски, Жарко Пешевски. со по два гола. Кај Романија, Хавиер Хумет беше расположен за игра во нападот со шест, а Кристијан Илија и Емил Ракотеа со по три гола.

Македонците изборија пласман во главната рунда од квалификациите, каде веќе се Црна Гора, Хрватска и Србија, кога се во прашање селекциите од регионот.

Нашата ракометна селекција сега ја очекува дуел со репрезентацијата на Чешка. Хрватска ја чека Финска, Црна Гора е подобра од дуелот меѓу БиХ и Грција, а Србија подобра од дуелот меѓу Словенија и Италија.

Во април на програмата се решавачките бараж натпревари за пласман на планетарниот преглед.

ФОТО: facebook / maksport

Спорт

ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија

Објавено пред

на

Винари Неготино

Утре од 17:00 часот се играат бараж натпреварите во третата Македонска фудбалска лига за влез во Втората лига, додека распоредот на мечеви е следен:

ЗФК Новаци 2005 – ГФК Вардар Неготино (Градски стадион Кичево);

ГФК Осогово Кочани – ФК Тетекс 1953 (стадион „Борис Трајковски”, Скопје);

ФК Башкими 1947 – ФК Влазерими 1977 (Градски стадион Тетово);

Од она што најмногу нè фасцинира е тоа што според извори од верните навивачи до кои дојдовме се спрема вистинска навивачка инвазија на мечот Вардар Неготино – Новаци, онаква каква што Кичево одамна ја поседуваше со својот матичен клуб ФК Напредок.

За нас овој меч е нешто свето, иако одамна заслужувавме да сме дел од втората Македонска лига, несреќно на удари од белата точка не успеавме, но што е тоа е, еве доаѓаме на нов предизвик, со голем ентузијазам и желба за победа – за нашиот портал вели Арсовски, еден од постојаните фоторепортери и навивач на групата „Винари Неготино“.

Прочитај повеќе...

Спорт

Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното генерално собрание пред претставници на ФИФА и УЕФА

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание. На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2022. година.

Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на федерацијата за идната година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор. Делегатите на Собранието едногласно ги усвои извештајот од Администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2021-2025, а беше усвоена и Стратегијата за социјална одржливост.

Работниот дел од денешното Редовно Собрание на ФФМ го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Елкан Мамадов и Лоренцо Каваљари беа претставници на ФИФА.

Муамед Сејдини – претседател на ФФМ:

Во изминатите години успеавме да реализираме голем број на проекти и би сакал да се заблагодарам на сите во фудбалското семејство кои дадоа свој придонес. Овој тим е синоним за успех и надеж.

За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија, но она што е важно да се нагласи е дека во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите и на нашиот тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Со Управниот одбор ќе ја донесеме најдобрата одлука и мислам дека во наредниот период ќе можеме и поконкретно да зборуваме за тоа. Поентата не е само да се фотографираме, туку да ги покажеме конкретните чекори кои ги преземаме. Преку стратешки и проектен пристап, се подобрува фудбалската инфраструктура насекаде низ државата, градиме и уредуваме нови и постоечки стадиони, трибини и услови за тренинг.

Наша обврска е да создадеме максимални услови за нашите фудбалери и стручниот штаб на сите репрезентативни селекции. Да се чувствуваат комотно во нивната работа и да бидат секогаш најдобри на теренот како што и го покажуваат тоа и постојано го докажуваат.

Наша визија е пласман на големите натпреварувања да биде нормална работа и да станеме редовен учесник на истите. Успехот поставува нови стандарди на работа и професионалност, а тоа е и главна мотивација  за новите генерации што доаѓааат.

На стара слава не се живее, имаме план и програма и одиме чекор по чекор. Нашата програма за работа е квалитетно осмислена и ја следи федерацијата во однос на целите и тоа што треба и што може да се направи. Во однос на тоа имаме голема поддршка и помош од УЕФА и ФИФА за што сме бескрајно благодарни.

Не бегаме од предизвиците кои се пред нас, напротив, подготвени сме и се радуваме на новите искушенија“. 

Елкан Мамадов – претставник на ФИФА:

Сакам да ве поздравам во име на нашиот претседател Џани Инфантино и генералната секретарка Фатма Самура. Ова е шанса да ја посочам одличната соработка на ФФМ со ФИФА, рефлектирана во насока на развојот на фудбалот и заедничката работа ќе продолжи да носи бенефит за вашата убава земја. ФФМ успешно спроведува програми што ги нуди ФИФА, а посебно ФИФА Форвард – програмата и драго ми е што средствата се користат ефикасно, а најмногу за клучната компонента – инфраструктурата. ФИФА почна трет циклус со ФИФА Форвард и со нетрпение ја чекаме соработката, а немаме сомнеж дека средствата ќе се искористат ефикасно и паметно, сѐ со цел за развој на фудбалот. Честитки за посветеноста и напорната работа, а ФИФА ќе продолжи да ве поддржува“.

Денис Бастари – претсатавник на УЕФА

Европскиот фудбал се соочи со многу големи предизвици и во изминатата година, но покажавме солидарност и поддршка едни за други. Сплотеноста и солидарноста е клучот за надминување на сите потешкотии. Треба да продолжиме да го развиваме фудбалот, а со зголемениот обем на хет-трик програмата на УЕФА ние ќе продолжиме да го поддржуваме фудбалот и да инвестираме насекаде низ Европа. Фондот за хет-трик го зголемивме за 21 осто и сакам да посочам дека ќе продолжиме со успешните проекти, а многу сме среќни затоа што со ФФМ ќе продолжиме по истите патеки и во иднина. Фудбалот да го одржиме на ова атрактивно ниво. Вие ја имате нашата поддршка на тој пат“.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 18 поразена од Србија во Стара Пазова

Објавено пред

на

Архива

Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра предвидениот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија.

На натпреварот кој беше одигран во Стара Пазова, избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа поразени со 3:0.

Селекцијата на Србија сите голови ги постигна во првиот дел.

Бубањ во 27. минута го отвори резултатот на мечот. Во 32. минута Милошевиќ погодува за предност од 2:0. Во 39. минута, Бубањ го постигнува својот втор гол и ги поставува конечните 3:0.

Македонија: Петар Јакимов, Ѓорѓи Џеков, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Лорик Каба Јакупи, Теодор Николовски, Зани Назифи, Мартин Ѓорѓиевски, Валон Алији, Хакија Цаноски;

Селектор: Тони Јакимовски;

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (28 мај)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Временска прогноза9 часа

Временска прогноза за следните 10 дена, за стабилно време ќе почекаме..

Нашата територија се наоѓа под влијание на ГОЛЕМА ВЛАЖНА и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. И во следните 10-тина денови од пладневните...

Спорт9 часа

ФК „Вардар Неготино“ утре на градски во Кичево спрема навивачка инвазија

Утре од 17:00 часот се играат бараж натпреварите во третата Македонска фудбалска лига за влез во Втората лига, додека распоредот...

Спорт13 часа

Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното генерално собрание пред претставници на ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното Генерално Собрание. На Редовното Генерално Собрание во Скопје, присутните делегати го усвоија извештајот на...

Lifestyle16 часа

Ние сме во опасност: Зголемувањето на температурите може да доведе до катастрофа

Една нова студија открива дека до крајот на векот, поради глобалното затоплување, земјата би можела да има најголема популација погодена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (27 мај)

ОВЕН Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага...

Кичево1 ден

Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..

Во Кичево започнува со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените кои живеат на територијата...

Скопје2 дена

Во недела во Скопје поради ревијална трка на велосипеди и ролерки ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11.00 часот поради одржување на ревијална...

Спорт2 дена

Македонија до 18 поразена од Србија во Стара Пазова

Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра предвидениот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија. На натпреварот кој...

Lifestyle2 дена

Neuralink на Маск доби дозвола да тестира мозочни импланти на луѓе

Стартапот на Илон Маск, Neuralink, објави дека добил одобрение од американските регулатори за тестирање на нивните мозочни импланти на луѓе,...

НАЈЧИТАНИ