Магазин
Сè повеќе луѓе конзумираат вести на TikTok

Истражувањето на Pew Research Center покажува дека се поголем број Американци велат дека наоѓаат и читаат вести на мрежата TikTok.
Интересно е што истражувачката компанија наведува дека споменатата статистика е во спротивност со она што го бележат другите социјални мрежи, каде потрошувачката на вести или е намалена или приближно иста во последните години.
Истражувањето покажа дека бројот на возрасни Американци кои тврдат дека редовно консумираат вести на TikTok е зголемен за повеќе од три пати. Така, од три проценти во 2020 година, тој број се зголеми на 10 проценти во 2022 година.
TikTok е платформа за споделување видео и социјална мрежа, а особено е популарна меѓу тинејџерите и помладите корисници. Две третини од нив истакнале дека на некој начин ја користат услугата.
Околу четвртина од Американците помлади од 30 години (26%) велат дека редовно читаат вести на TikTok. Десет отсто од оние на возраст од 30 до 49 години го велат истото, четири отсто од оние на возраст од 50 до 64 години и само еден отсто од оние на возраст од 65 и повеќе години.
За потребите на истражувањето за потрошувачката на вести на TikTok, Pew Research Center анкетираше 12.147 возрасни Американци, помеѓу 18 јули и 21 август, користејќи метод на случаен примерок.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (26 јуни)

Овен
Вашата загриженост може негативно да се одрази на ситуацијата на работа бидејќи на колегите им правите притисок без потреба.
Заладување меѓу вас и саканата личност. Тоа може да потрае подолго време, а овој период се јавува и трета личност.
Внимавајте на уринарниот тракт.
Бик
Во работата сте сериозни и посветени максимално. Подготвени сте да направите што е потребно за да ја сочувате добрата состојба на ова поле.
Немојте да очекувате нова врска, бидејќи хороскопот ви е лошо поставен.
Болки во бубрезите.
Близнаци
Работните обврски ве притискаат, а имате и потреба да побегнете на крајот на светот. Пробајте да најдете некаков компромис.
Не сте задоволни со емоционалната ситуација и подготвени сте да го прекинете односот со партнерот.
Проблеми со варењето.
Рак
Денес можете да се опуштите бидејќи конечно немате веќе многу обврски. Посветете се на семејството и пријателите.
Заљубени сте во личност која е подготвена за сериозна врска, можно е да ја најдовте вистинската љубов.
Немате проблеми со здравјето.
Лав
Можете да ги надминете проблемите кои се појавија на полето на работата, но ќе морате да бидете трпеливи и упорни.
Не сте задоволни со брачната состојба, а не сакате ни промени. Неодлучни сте.
Внимавајте на здравјето.
Девица
Можете да очекувате денес да ја потврдите својата позиција на работа.
Во комуникација со саканата личност отворено го покажувате своето незадоволство.
Внимавајте на чувствителните синуси.
Вага
Стабилизацијата на полето на финансии конечно доаѓа. Доаѓа време да ги соберете плодовите од својот труд.
Покрај саканата личност имате се што ви е потребно. Мислите на брак и семејство.
Поволен период за почеток на диета.
Шкорпија
Не е лесен ден за вас бидејќи ве очекуваат проблеми на полето на работата. Ќе ви биде потребно многу смиреност и концентрација.
Доаѓате до своите граници и не сакате да ги преминувате. Можно е да ве очекува прекин на врската.
Проблеми со видот.
Стрелец
Она што планиравте да го направите нема да се оствари денес. Ве следи негативно влијание и сите работи се одвиваат во погрешна насока.
Се сомневате во искреноста на партнерот и ви се чини дека крие нешто од вас.
Ве мачи депресија.
Јарец
Пробувате да им помогнете на колегите, но за тоа време се насобираат вашите проблеми и обврски на полето на работата.
Не сте расположени за почеток на нова врска иако имате додворувач кој е упорен во своите намери да биде со вас.
Проблеми со зглобовите.
Водолија
Пред вас е ден во кој ќе успеете да решите многу од своите задачи.
Имате впечаток дека конечно навлегувате во стабилна фаза на врската. Прашање е дали саканата личност размислува исто како вас.
Можни се проблеми со главата.
Риби
Ве очекува опуштен ден. Се занимавате со своите идеи и креации отколку со конкретна работа. Поволен ден за уметност.
Не сакате моногамија.
Немате проблеми на полето на здравјето.
Lifestyle
Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови

Температурите се зголемуваат, а престојот во затворен простор сè повеќе наликува на престој на директно сонце. Ако немате клима уред, не грижете се – постојат неколку едноставни начини да го разладите просторот дома и да ја подобрите удобноста.
Во продолжение ви ги претставуваме трите најделотворни трикови:
1. Создадете страничен ветер
Експертите од Good Housekeeping Institute препорачуваат создавање на таканаречен страничен ветер – ефективен начин за извлекување на жешкиот воздух надвор и внесување свеж воздух внатре.
-
Во текот на денот: држете ги прозорците, вратите и ролетните затворени за да спречите влез на топлина.
-
Навечер: отворете ги прозорците, поставете еден вентилатор свртен надвор (за да ја исфрлува топлината) и втор вентилатор свртен внатре (за да внесува свеж воздух).
2. Замрзнете шишиња со солена вода
Овој метод е едноставен и ефективен:
-
Замрзнете едно големо или три мали пластични шишиња со вода, на која ќе додадете три мали лажички сол.
-
Поставете ги пред вентилатор – солта помага водата побрзо да се замрзне и подолго да остане ладна.
-
Вентилаторот ќе го разнесува студениот воздух низ просторијата.
3. Сад со мраз пред вентилатор
Слично како со шишињата, поставете сад со мраз пред вентилатор. Додека воздухот поминува над мразот, ќе се излади и ќе создаде пријатна циркулација на свежина низ собата.
Овие трикови не само што се лесни и ефтини, туку и навистина функционираат. Ако немате клима уред, ова се вашите најдобри сојузници во борбата против летната жега.
Извор: BizPortal
Lifestyle
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате

Со генерации наназад кружи митот: „Ако проголташ семка од лубеница, ќе ти порасне лубеница во стомакот!“ Иако ова е само шега од детството, многумина и денес ги избегнуваат семките кога уживаат во ова популарно летно овошје.
Но, што навистина се случува ако ги голтнеме? Дали се штетни или, спротивно на очекувањата, дури и здрави?
Семките од лубеница се безбедни – и хранливи
За разлика од семките на цреши или кајсии, кои може да содржат опасни супстанции, семките од лубеница се потполно безбедни за јадење. Според нутриционистите Саманта Касети и Селин Бејхман од Институтот за кулинарско образование во Њујорк, овие мали семки кријат вистинско богатство од хранливи материи.
Во само 28 грама семки има:
-
7–8 грама протеини – приближно колку едно јајце
-
4 грама јаглехидрати
-
Повеќе од 25% од препорачаниот дневен внес на растителни влакна
Минерална моќ во секоја семка
Семките од лубеница се посебно вредни поради високата содржина на железо и магнезиум:
-
28 грама семки обезбедуваат околу 2 мг железо – што е 25% од дневните потреби за мажи и 10% за жени
-
Магнезиумот, од друга страна, е клучен за над 300 телесни функции – од регулирање на срцевиот ритам до поддршка на имунолошкиот и нервниот систем
Одличен избор за растителна исхрана и бременост
Семките од лубеница се особено корисни за оние што практикуваат вегетаријанска или веганска исхрана, поради железото од растително потекло. Исто така, нутриционистите ги препорачуваат и за бремени жени, бидејќи содржат минерали што се клучни за здравиот развој на бебето.
Како да ги јадете семките?
Најлесниот начин е едноставно да не ги плукате кога јадете лубеница. Но, ако сакате дополнително да уживате, можете да ги изпечете и зачините – исто како семки од тиква или сончоглед. Во некои земји веќе се продаваат како здрава ужина, но многу лесно можете да ги подготвите и дома.
Печени, тие можат да се јадат самостојно или да се додаваат во салати и смути.
Умереноста е клучна
Иако се здрави, треба да се внимава со количината. Во 28 грама има околу 13 грама масти (главно здрави), но прекумерниот внес – особено кај луѓе со чувствителен желудник – може да предизвика дигестивни тегоби. Затоа, ако првпат ги воведувате во исхраната, направете го тоа постепено.
Заклучок: Митот е разрушен, семките се сојузник на здравјето
Не, лубеница нема да ви порасне во стомакот ако проголтате семка. Напротив, семките се нутритивно вредни и можат да бидат вкусен и здрав додаток во вашата секојдневна исхрана. Следниот пат кога ќе јадете лубеница – можеби вреди да размислите пред да ги фрлите семките.
Извор: Espreso
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Кичево6 часа
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (26 јуни)
-
Магазин2 дена
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Lifestyle13 часа
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате
-
Магазин2 дена
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Спорт1 ден
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
Автомобили2 дена
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа