Следете не

Магазин

Сè повеќе луѓе конзумираат вести на TikTok

Објавено пред

на

Истражувањето на Pew Research Center покажува дека се поголем број Американци велат дека наоѓаат и читаат вести на мрежата TikTok.

Интересно е што истражувачката компанија наведува дека споменатата статистика е во спротивност со она што го бележат другите социјални мрежи, каде потрошувачката на вести или е намалена или приближно иста во последните години.

Истражувањето покажа дека бројот на возрасни Американци кои тврдат дека редовно консумираат вести на TikTok е зголемен за повеќе од три пати. Така, од три проценти во 2020 година, тој број се зголеми на 10 проценти во 2022 година.

TikTok е платформа за споделување видео и социјална мрежа, а особено е популарна меѓу тинејџерите и помладите корисници. Две третини од нив истакнале дека на некој начин ја користат услугата.

Околу четвртина од Американците помлади од 30 години (26%) велат дека редовно читаат вести на TikTok. Десет отсто од оние на возраст од 30 до 49 години го велат истото, четири отсто од оние на возраст од 50 до 64 години и само еден отсто од оние на возраст од 65 и повеќе години.

За потребите на истражувањето за потрошувачката на вести на TikTok, Pew Research Center анкетираше 12.147 возрасни Американци, помеѓу 18 јули и 21 август, користејќи метод на случаен примерок.

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (28 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Може да очекувате нови случувања на деловно поле. Пресврти ве очекуваат ненадејно. Ве очекува и флерт со нова личност. Подготвени сте да направите чекор кон почеток на нова врска. Се чувствувате добро.

БИК

Вашата несигурност во работата која ја вршите се приметува. Важно  еда стекнете што повеќе искуство и самодоверба. Ви се допаѓа личност која не е достапна за комуникација бидејќи е срамежлива. Проблеми со кожата.

БЛИЗНАЦИ

Подготвени сте да го направите неопходниот чекор за да дојде до промени на работното место. Наскоро ве очекува средба со личност која ќе покаже сериозни емоции кон вас. Можна е склоност кон дебелеење.

РАК

Ви доаѓа можност да ги докажете своите деловни способности и да напредувате. Ќе бидете задоволни. Имате одличен однос со личноста која ја сакате. Пред вас е поволен период за љубов. Одлично се чувствувате денес.

ЛАВ

Имате впечаток дека соработниците се против вашите идеи и затоа се повлекувате во себе. Иако сакавте стабилна врска, на крај ќе се предомислите. Постепено сфаќате дека слободата ви е најважна. Проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

Прилично сте нервозни и сметате дека нема да успеете да ги извршите сите деловни обврски на време. Нагло се менуваат околностите во кои се наоѓате. Пред вас е неповолен период за љубов. Можни се проблеми со срцето.

ВАГА

Ненадејни трошоци се пред вас. Деловната ситуација не ви е наклонета. Саканата личност покажува дека и е потребна повеќе слобода во односот со вас. Понекогаш сте пољубоморни отколку што мислите. Имате многу енергија во себе.

ШКОРПИЈА

Важно е да најдете сила да излезете на крај со компликациите на деловно поле. Пред вас е период кој носи минливи љубовни проблеми и несогласувања со саканата личност. Можни се проблеми со грлото.

СТРЕЛЕЦ

Обидете се да бидете трпеливи во комуникацијата со соработниците. Не влегувајте во конфликти брзоплето. Личноста која ви се допаѓа покажува дека сака нешто повеќе од пријателство. Можни се проблеми поради стрес.

ЈАРЕЦ

Доколку сте имале големи планови за деловен напредок, ќе успеете да ги остварите чекор по чекор. Подготвени сте да им се препуштите на емоциите кои ги имате. Пред вас е поволен период. Проблеми со главоболка.

ВОДОЛИЈА

На деловно поле ќе имате некои промени кои не сте ги очекувале. Не сте сигурни на кого може да сметате. Ако сте слободни, чувствувате потреба за нова врска. Не ви одговара да бидете осамени. Можни се помали проблеми со зглобовите.

РИБИ

Потрудете се да се покажете во најдобро светло кога станува збор за работата. Важно е да бидете добро организирани. Пред вас е поволен ден за ново љубовно познанство. Подготвени сте да влезете во врска. Немате проблеми со здравјето.

Прочитај повеќе...

Технологија

Руски хакерски групи украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година преку малициозен софтвер

Објавено пред

на

Руски хакерски групи околу 34 на број украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година користејќи малициозен софтвер за крадење информации како RedLine и Racoon.

Украдените лозинки се главно лозинки за сметки на Steam и Roblox, лозинки за сметки на Amazon и PayPal, но и информации за плаќање и крипто паричници.

Покрај лозинките, овие групи украле 2,11 милијарди колачиња, 113.204 криптопаричници и 103.150 платежни картички. Групите се управуваат преку Telegram.

Пазарната вредност на украдените податоци се проценува на околу 5,8 милиони долари, според извештајот на фирмата за сајбер безбедност Group-IB со седиште во Сингапур.

Најголем дел од жртвите се во САД, а потоа следат Бразил, Индија, Германија, Индонезија, Филипините, Франција, Турција, Виетнам и Италија. Вкупно, повеќе од 890.000 уреди во 111 земји беа заразени во наведениот временски период.

Групата-IB рече дека неколку групи учествувале во операцијата Класискам.

Овие групи, кои се активни на Телеграм и имаат околу 200 членови во просек, се хиерархиски организирани и се состојат од администратори и работници, а вторите се одговорни за дистрибуција на малициозен софтвер.

Инфекциите се случуваат на лажни веб-страници кои служат како мамки кои изгледаат како сајтови на познати компании. На овој начин, жртвите се намамени да преземаат малициозни датотеки. Врските до таквите веб-локации се вградени во видео прегледите на YouTube за популарни игри и лотарии за социјални медиуми.

„Администраторите обично им даваат на работниците RedLine и Racoon во замена за некои од украдените податоци или пари“, велат од компанијата. „Некои групи користат три малициозен софтвер во исто време, додека други имаат само еден.

По успешната инфекција, сајбер-криминалците ги продаваат украдените информации на темната мрежа.

Group-IB ја нагласува клучната улога што ја игра Telegram во овозможувањето низа криминални активности, вклучително и користењето за објавување ажурирања на производи, обезбедување поддршка за клиентите и ексфилтрација на податоци од компромитирани уреди.

„Популарноста на шемите кои вклучуваат малициозен софтвер за крадење податоци може да се објасни со ниската бариера за влез“, објаснува Group-IB. „Почетниците не треба да имаат напредно техничко знаење бидејќи процесот е целосно автоматизиран и единствената задача на работникот е да создаде датотека со малициозен софтвер во ботот на Telegram и да го насочи сообраќајот кон него.

/b92

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за недела (27 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот ќе го исполнат со бројни контакти со најмладите. Минлива главоболка.

БИК
Меркур е денес силен и ќе биде особено влијателен врз деловната комуникација. Ќе бидете комуникативни да се соочите со сите интелектуални предизвици. Сега сте во полна форба. Здравјето ви е одлично.

БЛИЗНАЦИ
Се чувствувате несигурно. Времето го поминувате пред огледало. Желни сте за промена, па мислите дека напревена во физичкиот изглед ќе ве задоволи. Ќе бидете напнати.

РАК
Ако сте заљубени, молчите за тоа. Имате чувство дека најдобро би било причината за вашата среќа да ја сочувате само за себе. Овој пат сте во право. Ќе имате несоница.

ЛАВ
Најдобро би било да оставите се да оди по свој тек и ништо да не земате премногу за срце. Ситуацијата не бара да се активирате и вие го знаете тоа. Стомакот ви е чувствителен на промени.

ДЕВИЦА
Повторно сте во својот деловен елемент и веќе се трудите да доведите се во ред. Презафатени сте но денес тоа ви е доста интересно. Внимавајте на изненадни повреди.

ВАГА
Вие сте во некој свој филм и се исклучувате од надворешните случувања. Околината е малку изненадена од тоа но вие не чувствувате потреба да ги објаснувате причините за тоа што ви се случува. Имате доволно елан.

ШКОРПИЈА
Би можеле да имате некои тешкотии со вашите домашни. Од една страна сакате да му се посветите на семејството, а од друга ќе ви биде преку глава од се. Здравјето ви е добро.

СТРЕЛЕЦ
Почнете да размислувате за започнување на сопствен бизнис. Потрудете се да најдете партнер, затоа што во тој случај ќе избегнете некои проблеми во реализацијата. Зајакнете ја вашата мотивација.

ЈАРЕЦ
Премногу сте подложни на емоции за да можете да ги сфатите луѓе сериозно. Склони сте кон претерување, и со тоа да се лутите на луѓе кои тоа не го заслужуваат. Здравјето ви е добро.

ВОДОЛИЈА
Вашата креативна страна е нагласена па ќе пронајдете неколку добри решение за вашето напредување. Можно е да чувствувате преголем умор.

РИБИ
Загрижени сте за финансиската состојба и денес настојувајте да смислите план за трошоците или нешто што би ви овозможило некако да се провлечите низ кризниот период. Имате проблем со хормоните.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија33 минути

Нижополе и Попова Шапка под снег

На падините на Баба Планина, односно во с.Нижеполе моментално провејува снег, а во Маврово ноќеска. Слаб снег има на превој...

Хороскоп8 часа

Хороскоп за понеделник (28 ноември)

ОВЕН Може да очекувате нови случувања на деловно поле. Пресврти ве очекуваат ненадејно. Ве очекува и флерт со нова личност....

Спорт10 часа

Шкупи убедлив, Шкендија ремизираше, како победници ова коло се запишаа Работнички и ФК Скопје, преглед на 16-то коло од ПМФЛ

Актуелниот првак Шкупи ја декласира Победа со 0-6 на гости во Прилеп и се искачи на второто место на табелата...

Временска прогноза11 часа

Утро со многу ниски температури, дожд и снег, еве каде..

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес и тоа особено попладне и навечер, како и...

Македонија12 часа

(ФОТО) Прва снежна идила од превој „Стража“ за оваа година

Моментални фотографии од превој Стража. Бележиме максимално чист воздух и ситен снег кој не се задржува на коловозот. Зимата и...

Технологија14 часа

Руски хакерски групи украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година преку малициозен софтвер

Руски хакерски групи околу 34 на број украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година користејќи...

Култура16 часа

Од утре започнува Божиќниот пост, а денес се Божиќни поклади

Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште...

Автомобили19 часа

Mercedes-Benz 190 слави 40 години

Денес, и по четири децении, дизајнот на компактната лимузина изгледа модерно, а претставената технологија ја формира основата. Mercedes-Benz ја прошири...

Временска прогноза1 ден

Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (27 ноември)

ОВЕН Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот...

НАЈЧИТАНИ