Хроника
Седумесечно бебе паднало од импровизиран кревет, со повреди на главата не преживеало
На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција.
Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.
По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.
Се преземаат мерки за расветлување на настанот, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Страшен епилог од сообраќајката кај гостиварско, две лица починале како последица од повреди, се судриле автомобил и тешко товарно возило
Страшен епилогот на магистралниот пат А2 Гостивар-Кичево, според информациите од терен две лица починале од здобиените повреди. Трагичната сообраќајка се случила помеѓу автомобил и камион со странски регистарски ознаки.
Поради утврдување на причините за несреќата, сообраќајот се пренасочува преку алтернативни патишта, за јавноста информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Видео запис на колегите од „ТВ21“
Хроника
Почина Бора Чорба, фронтменот на „Рибља чорба“
Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Борисав Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст.
Бора Ѓорѓевиќ почина во болница во Љубљана, каде што се лекуваше поради сериозни проблеми со белите дробови.
Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.
„Почитувани пријатели, со тага и тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година. стои во соопштението.
Последен пат во јавноста се појави на 1 јули, кога го одржа својот последен концерт.
Борислав Бора Ѓорѓевиќ, познат и како Бора Чорба, бил српски писател, поет, актер и рок-музичар и фронтмен на бендот Рибља чорба. Роден е на 1 ноември 1952 година во Чачак. Младоста ја поминал во Белград, а последните години од животот ги поминал во Љубљана, истакна 021.rs
Хроника
Вчера се случила трагична сообраќајка во кочанско, едно лице го загуби животот
На 16.08.2024 околу 17.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Лески – с.Зрновци, кочанско, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(62) од с.Виничка Кршла, општина Виница, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А.(55) од с.Виничка Кршла, кој бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде што подоцна починал. Додека, со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник М.С.(60) од с.Виничка Кршла, констатирани во болницата во Кочани.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 октомври)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за сабота (5 октомври)
-
Кичево2 часа
Во вторник по трет пат во Кичево ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“, кои ќе приредат вистинско уживање во звуците на познатите великани во класичната музика
-
Временска прогноза2 дена
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
-
Македонија20 часа
(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“
-
Магазин1 ден
Spotify: Слушање музика дури и без интернет конекција
-
Спорт21 час
Вардар против Тиквеш, Струга ТЛ против Македонија ЃП, додека Пелистер ќе игра против Детонит во осминафиналето на Купот на Македонија
-
Магазин1 ден
Корисниците на Android менуваат телефони почесто од сопствениците на iPhone