Следете не

Магазин

Сега можете да испратите 100 слики одеднаш преку WhatsApp

Објавено пред

на

WhatsApp исто така додаде поддршка за подолги групни наслови и описи, а за корисниците кои сакаат да го приспособат својот WhatsApp профил, ажурирањето додава поддршка за персонализирани аватари

Досега имавме можност да испратиме најмногу 30 слики одеднаш преку WhatsApp до нашите контакти, но отсега ќе можеме да испраќаме 100, благодарение на најновото ажурирање.

Покрај тоа, надградената верзија на WhatsApp носи и други значајни подобрувања, вклучително и поддршка за додавање наслови при испраќање документи. Досега оваа функција беше достапна само за фотографии и видеа.

WhatsApp додаде и поддршка за подолги групни наслови и описи, а за корисниците кои сакаат да го приспособат својот WhatsApp профил, ажурирањето додава поддршка за персонализирани аватари.

„Сега можете да креирате персонализирани аватари и да ги користите како налепници и фотографии на профилот. Одете во Settings > Avatar за да започнете“, велат од компанијата, пренесува IT News.

Сите овие промени сега се во живо на Android, а треба да се појават и на iPhone. Интересно, WhatsApp не издаде официјално соопштение во врска со новите функции.

Мобилни уреди

Дали „Apple“ спрема два различни модели за новата генерација на „iPhone 17“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/X/Majin Bu/Video

Apple се чини подготвува два сосема различни модели за новата генерација на iPhone 17, кои ќе одат во спротивни насоки кога станува збор за дизајн и функционалност.

iPhone 17 Air: тенок и елегантен
Овој модел, кој се очекува да излезе наесен, ќе биде најтенкиот iPhone досега, со дебелина од само 5,6 мм. Освен што ќе биде најлесен во серијата, ќе се вброи и меѓу најтенките смартфони на пазарот. Apple со овој уред се обраќа на корисниците кои претпочитаат минималистички дизајн и леснотија.

iPhone 17 Pro Max: подебел, но со подобра батерија
За разлика од Air, iPhone 17 Pro Max ќе биде значително подебел – околу 8,75 мм. Тоа значи дека ќе биде подебел дури и од актуелниот iPhone 16 Pro Max, како и за повеќе од 3 мм од новиот Air модел. Причината за оваа дебелина е можноста за поголема батерија, што е важен фактор за корисниците кои бараат поголема автономија и издржливост.

Нови елементи кај камерата

Pro Max во изворот се вели дека ќе добие редизајниран модул на камерата, кој ќе биде хоризонтално поставен и ќе зафаќа цела ширина на задната страна. Камерите ќе имаат поизразени прстени, а LiDAR и блицот ќе бидат преместени надесно. Иако се очекува поголем простор за посовремени сензори, засега е потврдено само едно подобрување: телефото камерата ќе има 5x зумирање и резолуција зголемена од 12 MP на 48 MP.

Apple со овие два модели очигледно таргетира две различни групи на корисници – оние што сакаат стил и леснотија, и оние што приоритет им се перформансите и батеријата. Како ќе реагира пазарот на оваа нова стратегија, останува да видиме.

Извор: cultofmac.com

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (29 мај)

Објавено пред

на

Овен

Ако очекувате прилив на пари, можете да се надевате на успех.

Ви доаѓа можност на личноста која ви се допаѓа отворено да и покажете дека ви се допаѓа.

Полни сте со сила.

Бик

Денеска ќе успееете да решите некоја дилема која постои кај вас од порано. Денот е поволен за работа.

Ви се ближи веридба или брак.

Ви пречи нискиот крвен притисок.

Близнаци

Имате многу обврски кои не можете да ги завршите сами. Потребна ви е помош.

Пред вас е период во кој би можело да дојде до љубовно разочарување.

Здравјето е добро.

Рак

Доаѓа фаза на мир и стабилност.

Ве очекува ново познанство кое би можело да доведе до љубовна врска.

Ви годи прошетка.

Лав

Постојат некои работи кои ве оптоваруваат на работа. Не можете лесно да ги решите.

Ве очекува возбудливо познанство со личност која отворено ќе го изрази својот интерес.

Одморајте што повеќе.

Девица

Можете да очекувате мирен ден без промени. Работите се одвиваат по стабилен тек.

Ако сте слободни, ве очекува ново познанство. Сепак, не сте подготвени за сериозна врска.

Проблеми со забите.

Вага

Потребно е да бидете трпеливи за да ги решите сите настанати проблеми.

Ви делува дека навлегувате во монотонија во љубовта. Не сте сигурни како да постапите.

Не се заморувајте премногу.

Шкорпија

Ќе добиете вести кои ќе ви ги отворат очите и ќе ве насочат кон нови одлуки.

Поволен ден за решавање на љубовните проблеми.

Зголемете го внесот на течности.

Стрелец

Работата не се одвива онака како што посакувате. Работите би можеле да се сменат на подобро.

Збунети сте и не ви е лесно да донесете вистинска одлука.

Пад на имунитетот.

Јарец

По драстичните промени на полето на работата, не ви е лесно да се стабилизирате и да заземете став на полето на работата.

Среќни сте покрај личност која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе влезете во нова врска.

Можен е низок притисок.

Водолија

Не се залетувајте со одлуките. Пред вас е период кој може да ви донесе многу компликации.

Ако сте во брак, ве очекува криза или заладување на односите.

Проблеми со варењето.

Риби

Барате нова работа, но страв ви е од промени.

Ќе запознаете интересна личност со која ќе посакате врска на долг рок.

Можни се проблеми со дишните патишта.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (28 мај)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка. На емоционален план имате потреба да доминирате над партнерот. Здравјето е солидно.

БИК
На работното место сте самоуверени и влегувате во конфликти само за да докажете дека сте во право. Емотивно сте расположени за размена на нежности и слатки зборови со другата половина. Прошетката е добар начин за опуштање и подобрување на расположението.

БЛИЗНАЦИ
Деловните проблеми никако да завршат а тоа ве прави фрустрирани. Емоциите ви вријат, можете да дојдете до проблеми во врската поради љубомора. Кога е здравјето во прашање, физички сте неактивни а тоа доаѓа на ваша штета.

РАК
Ви следи деловно и финансиски успешен ден. Ќе бидете задоволни затоа што трудот ќе ви се исплати. Во емоционална смисла сте потонале и размислувате за минатото кое не можете да го промените. Здравјето е солидно.

ЛАВ
Поради работата самодовербата ви е доста ниска. Сатисфакција добивате на емоционално ниво преку партнерот на чија љубов и поддршка можете да сметате во секој миг. Кожата ви е прилично чувствителна.

ДЕВИЦА
Денес е поволен ден за да се позанимавате со некои постари обврски и конечно да ги тргнете од дневниот ред. Во емоционална смисла сте незаинтересирани за било какви дружења или нови познанства. Здравјето ви е солидно.

ВАГА
Расположени сте за работи и сите цели ви делуваат лесно остварливи и достапни. На емоционален план сте напнати па можно е да вашето незадоволство да го „истурите“ врз партнерот. На здравствено поле можни се проблеми со алергии.

ШКОРПИЈА
Во тек е деловен ден поради што ќе се чувствувате максимално фрустрирани. Имате чувство дека не се поместувате од мртва точка. Денот е одличен за љубовна комуникација од таен тип. Синусите ви се прилично чувствителни.

СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден е неповолен за комуникација и сообраќај па пожелно е да бидете внимателни. Во емоционална смисла сте затворени и не сакате да зборувате отворено за вашите емоции. Ве очекува нервоза од минлив тип.

ЈАРЕЦ
Денот е неповолен за состаноци па можете да очекувате неко од нив да бидат одложени, а на оние кои ќе бидат одржани можно е да не го добиете она кое го посакувате. Имате понуда за да влезете во нова авантура, но ќе размислувате дали да ја искористите. Чувствително грло.

ВОДОЛИЈА
Ова е одличен ден за јавен деловен успех особено ако работата има врска со законот или јавноста. Расположени сте за љубов, гледање и комуникација со другата половина. На здравствено поле немате проблеми.

РИБИ
Максимално сте посветени на своите деловни обврски и успех. Денес е одличен ден за ново познанство со потенцијалниот партнер кој можете да го запознаете преку работа. Во физичка смисла сте стабилни и силни.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Новак Ѓоковиќ го победи Корентин Муте во третото коло на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ обезбеди место во третото коло на Ролан Гарос со сигурна победа против домашниот играч Корентен Муте, совладувајќи го...

Мобилни уреди5 часа

Дали „Apple“ спрема два различни модели за новата генерација на „iPhone 17“

Apple се чини подготвува два сосема различни модели за новата генерација на iPhone 17, кои ќе одат во спротивни насоки...

Спорт7 часа

Да ја бодриме Македонија! Од денес на продажба тикети за мечот Македонија – Белгија закажан за петок

Од денес со почеток во 18:30 часот, започнува продажбата на билети за натпреварот помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се...

Кичево10 часа

Кичевчани денеска по четврт пат ќе протестираат пред општинската зграда поради градската депонија, бараат решавање на долгогодишниот проблем

Денес во 18:00 часот од страна на градскиот „Кеј“, пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи четвртиот протест на...

Кичево10 часа

Во сабота на Китино Кале, „Биди нејзиниот глас“, настан наменет за превенција на домашното насилство и зајакнување на жените во организација на „Саншајн Кидс“

Некои приказни не се раскажуваат. Некои лица никогаш не врескаат. Но насилството не бара бучава за да уништи. Токму затоа,...

Спорт10 часа

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено со Косово во гости

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра натпревар без голови против Косово, на првиот контролен меч меѓу овие две селекции,...

Македонија11 часа

Лице од демирхисарско возел автомобил со 3,43 промили алкохол во крвта

На 28.05.2025 во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници  од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р....

Хороскоп24 часа

Хороскоп за четврток (29 мај)

Овен Ако очекувате прилив на пари, можете да се надевате на успех. Ви доаѓа можност на личноста која ви се...

Македонија1 ден

Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и...

Спорт1 ден

Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери за квалификациските мечеви против Белгија и Казахстан

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациските натпревари за Светското...

НАЈЧИТАНИ