Спорт
Сејдини со фантастичен интегрален текст посака среќа и успех: „Самоуверена, моќна, храбра, оптимистична. Ваква Македонија сакаме момци!“
А, таква беше годината. Некои ќе кажат неправедна, за македонскиот фудбал историска. Некои ќе кажат тажна, за македонскиот фудбал величествена. За некои ужасна и трагична, за македонскиот фудбал неповторлива. За повеќето од нас, година на борба. За македонскиот фудбал година на гордост и слава. На заедништво.
Некои приказни едноставно подобро се раскажуваат ако започнеме од крајот! Победивме бидејќи си рековме себеси дека сме победници. Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство.
Бидете горди. Затоа што ова е време кога македонските фудбалски великани одат по земја. Никогаш досега македонскиот фудбал не доживеал таква експлозија. Тие емоции од Грузија со ништо дотогаш не можат да се споредат. Беа искрени и едноставно доаѓаа од целата наша држава како реакција на сѐ она што во годините наназад ни се случуваше во фудбалот.
Таа колективна екстаза и во време на здравствена епидемија доведе до тоа на скопските улици за прв пат да се скандираат имињата на македонските фудбалери. Во ова наше општество на невозможни институции и Македонци и Албанци и Турци и Роми се обединети кога е во прашање фудбалската репрезентација. Тоа треба да ни биде пример за начинот на кои сите треба да се однесувааме.
Во победа или пораз – таква Македонија сакаме. И не само фудбалска. Никогаш не сме биле Европски прваци. Но, никогаш во своите глави не сме биле поблизу до тоа чувство од овие денови пред Европското првенство.
И што и да се случи, ова чувство и оваа наша моќ никој не може да ни ја одземе. Ниту оваа фудбалска Македонија. Самоуверена. Моќна. Храбра. Оптимистична. Ова е победа за сите кои барем еднаш во животот го облекле дресот на Македонија. И сите имаат заслуга за овој историски момент. Од првиот до последниот.
Како Фудбалска федерација на Македонија сме сигурни дека фудбалерите и на натпреварите од Европското првенство ќе дадат се од себе за да го вивнат македонскиот фудбал во нови височини и одново да покажат дека припаѓаме меѓу најдобрите во Европа.
А, ние ќе бидеме заедно со нив и заедно со многубројните фанови и целокупната јавност и од срце ќе ги бодриме. Истовремено веруваме, се надеваме и посакуваме дека нашите фудбалери со својата игра и залагање ќе не исполнат со радост и гордост.
Ние сме мала држава, но имаме големи соништа.
Столе, Ристе, Дамјан, Висар, Егзон, Кире, Стефан, Дарко, Ѓоко, Езџан, Енис, Аријан, Бобан, Стефан, Елиф, Тихо, Даниел, Марјан, Ферхан, Дарко, Горан, Иван, Милан, Аце, Крсте, Влатко…уживајте, давајте се од себе, па што биде.
Напред Македонија!
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл
Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.
Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.
Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.
Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.
/021.rs
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево24 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза23 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево17 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево18 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
