Следете не

Спорт

Сејдини по средбата со струмичкиот градоначалник: Придонесуваме кон подобрување на фудбалската клима во источниот фудбалски регион

Објавено пред

на

Во „Куќа на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини имаше работна средба со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Една од темите за која се разговараше со првиот човек на општина Струмица беше актуелната состојба на функционирање на клубовите од тој регион, нивниот потенцијал (инфраструктурен и кадровски) и се разбира, можноста за напредок на фудбалските клубови од регионот.

Претседателот на ФФМ ја искажа решителноста на федерацијата за придонес кон подобрување на фудбалската клима во источниот фудбалски регион, на начин на кој што федерацијата дава придонес за подобрување на квалитетот во сите Општински фудбалски Сојузи.

Општина Струмица дава голема поддршка и докажано е голем пријател на спортските клубови, а градоначалникот Костадинов потврди дека за нив најважна е стабилноста и напредокот на клубовите од струмичкиот регион.

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Објавено пред

на

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.

Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.

Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.

Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.

Прочитај повеќе...

Спорт

Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Објавено пред

на

ФОТО: Martha Dominguez de Gouveia @ Unsplash.com

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го првото место во групата Ц.

Заедно со нив, и германскиот тим се пласираше во следната фаза, додека Бока Јуниорс и Оукленд го завршија своето учество во оваа група. Стрелецот на победничкиот гол за португалскиот клуб беше Андреас Сјелдеруп, кој погоди по одлична контранападна акција во 13-тата минута.

Во меѓувреме, натпреварот меѓу Бока и Оукленд во Нешвил заврши нерешено 1:1, но беше прекинат во 54-тата минута поради предупредување за можна бура.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle11 часа

Кајгана како од хотел: кремаста, богата и совршена со еден едноставен трик

Не мора да одите во скап ресторан за да уживате во совршено кремаста кајгана која се топи во устата. Со...

Магазин11 часа

Крај на една ера: Microsoft се збогува со „Blue Screen of Death“

Microsoft објави дека ја укинува легендарната порака за грешка позната како „Blue Screen of Death“ (BSOD), симбол на фрустрација и...

Магазин11 часа

iOS 26: Ова се iPhone моделите што добиваат надградба

Apple на својот годишен настан WWDC 2025 официјално го претстави iOS 26 — новата верзија на оперативниот систем која носи...

Временска прогноза15 часа

Викенд метео вести: Еве какво време ни претстои денес и утре

Под влијание на стабилна и на посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 28 и 29 јуни) во...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за сабота (28 јуни)

ОВЕН Пред вас е поволен период доколку имате во план некои нови потези на работно поле. Имате проблеми со саканата...

Временска прогноза1 ден

Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните  и во вечерните часови во...

Кичево1 ден

Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор. Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил...

Автомобили1 ден

Перу прва во светот со старосна граница за возачки дозволи: по 80-тата година нема обновување

Перу стана првата земја во светот што воведе старосна граница по која возачите повеќе нема да можат да ја обновуваат...

Магазин1 ден

Дали е штетно батеријата да се полни неколку пати на ден?

Не, честото полнење на телефонот не е штетно – напротив, полнењето во пократки интервали може да помогне батеријата да трае...

Lifestyle1 ден

Палачинки со тиквички – брз, евтин и идеален летен оброк

Сезоната на тиквички секоја година нè радува бидејќи нуди безброј решенија за брзи и лесни летни оброци. Палачинките со тиквички...

НАЈЧИТАНИ