Култура
Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица

Почитувани возљубени, со особена радост ве информираме дека на 3 декември, во 21 часот ќе се случува сеноќното молитвено бдение во Манастирот Пречиста Кичевска по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, коешто ќе започне во недела
На бдението молитвено ќе претстои Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, кој ќе чинодејствува со Божествената Литургија на крајот од бдението.
Оваа година голема чест и благослов за нас ќе биде и присуството и молитвеното учество на Старецот на ќелијата на Света Ана во Кареја на Света Гора, сепреподобниот јеромонах Антипа, кој е мошне познат духовник и проповедник, одличен познавач на православната теологија и еклисиологија.
Тој ќе допатува со браќа монаси, коишто со своите светогорски напеви ќе го збогатат празничното бдение. Отец Антипа ќе пристигне во Свештената Пречистанска Обител во текот на утрешниот ден и во недела, со почеток во 8:30 ч. ќе богослужи Света Литургија, на која молитвено ќе присуствува и Преосветениот Епископ г. Партениј, истакнаа од Бигорски Манастир
Музика
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови членови преку „аудиција“. Истата е закажана за 19-ти и 20-ти септември односно петок од 18:00ч и сабота од 12:00ч во просториите на НУЦК „Кочо Рацин“ (мала сала)
Сите заинтересирани за упис, повеќе информации и детали ќе најдат со доаѓање во центарот за култура
Ова е и официјална страница на хорот ТУКА
Култура
Денеска е строг пост – Се одбележува празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“, според народни верувања, се јаде само посна, едноставна храна

Православните верници денес, на 11 септември, го одбележуваат празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“. Во црковниот календар овој ден е означен како време на строг пост и молитва.
Во текот на годината црквата му посветува шест празници на свети Јован, а денешниот е поврзан со неговото маченичко страдање и неправедната смрт.
Свети Јован бил затворен поради тоа што се спротивставил на неправедните дела на тогашниот владетел на Галилеја – Ирод Антипа. Според библиското предание, Ирод бил оженет за ќерката на арапскиот кнез Арета, но ја напуштил за да ја земе Иродијада, жената на својот брат Филип. Јован јавно го осудил овој грев, поради што бил фрлен во зандана.
На една гозба организирана од Ирод, пред присутните настапила Салома – ќерката на Филип и Иродијада. Занесен од нејзиниот танц и опиен од виното, владетелот ветил дека ќе ѝ исполни каква било желба. По совет на својата мајка, девојката ја побарала главата на Јован Крстител. Така, светецот бил погубен, а неговата отсечена глава на чинија му била донесена на Ирод.
Учениците на Јован тајно го зеле неговото тело и го погребале со чест, додека главата останала кај Иродијада. Според преданијата, таа со злоба го прободела јазикот на светецот и ја закопала главата на нечисто место.
Во народните верувања овој ден е поврзан со пост и воздржување: Се јаде само посна, едноставна храна, а многумина избегнуваат да јадат од чинија или да консумираат храна со црвена боја. Според црковните канони, доколку празникот се падне во работен ден, верниците постат строго, додека ако е за време на викенд, дозволено е да се користат масло и вино.
– Се сметало и дека на овој ден не треба да се работат тешки работи, а во минатото луѓето собирале лековити треви, верувајќи дека токму денес тие имаат посебна сила за здравје.
Празникот особено свечено се прославува во манастирот „Св. Јован Бигорски“, кој е посветен токму на овој голем светец и пророк. Така што во пресрет на главната манастирска слава на Бигорската свештена обител, во спомен на отсекувањето на чесната главата на светиот пророк, претеча и крстител Господов Јован – нашиот небесен закрилник и застапник, манастирот ги кани сите православни христијани.
6:30 ч. – празнична Утрена богослужба.
8:45 ч. – пречек на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и на Епископот Антаниски г. Партениј.
9:00 ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија.
17:00 ч. – Ктиторска вечерна богослужба.
Музика
(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!

„Marbled In Stone“ денес официјално ја претстави својата нова песна „Men Of Silver Soul“, проследена со моќен видео спот кој го доловува духот, енергијата и визијата на овој склоп. Ова е уште едно автентично музичко патување кое ја истакнува нивната уникатна естетика и посветеност на современиот алтернативен звук.
Во спотот се појавуваат голем број учесници главно од Кичево, додека еден од главните ликови во видео записот е нашиот пријател Влатко „Перо“ Трајкоски кој практично е „Man Of Silver Soul“ кој со својата енергија и уникатност му даде посебен печат на ова музичко исполнување.
Дополнително учествуваа:
– „Матко Петровиќ, Урим Саити, Марјан Ризов, Кристијан Велјаноски, Слободан Магденоски, Бојан Дамјаноски, Бојан Велјаноски, Џеки Сулејмани, Дарко Богески, Драган Горѓиоски, Флори Саити, Даниел Димоски, Марија Лена Адамс, Јана Матеска, Ива Стојаноска, Ангела Цветаноска, Евгенија Врзовска, Слаѓана Трајковска, Кристина Биткоска, Ивица Велјаноски, Блериан Арслани – Буби, Зана Саити.“
Проследете го, доколку ви се допаѓа сподели, претплатете се на каналот и оставете „Like“
🎥 Филмска екипа:
- Режија: Влатко Толески
Продуценти: Диамонд Балажи • Бојан Велјаноски • Влатко Толески
Сценарио: Бојан Велјаноски • Влатко Толески • Диамонд Балажи • Матко Петровиќ
Видео продукција: Пинестел
Асистенција на продукција: Пеце Здравкоски
Директор на фотографија: Ѓорѓи Вацев
Камера / кинематографија: Ѓорѓи Вацев
Асистент камера: Стефан Џоканоски
Гафер: Ѓорѓи Вацев
Монтажа / колор корекција / VFX: Ѓорѓи Вацев
💄 Сценски изглед и SFX:
- SFX шминка (лидер): Мартина Петрeска
SFX асистенти: Александра Најденовска • Александра Иванова
Шминка и фризура: Александра Најденовска • Александра Иванова
Гардероба: Диамонд Балажи
Со ова издание, „Marbled In Stone“ уште еднаш докажуваат дека кичевската сцена има моќен глас кој заслужува да се слушне и подалеку од локалните граници.
Нивниот прв проект исто така може да го проследите во продолжение:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Македонија1 ден
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Музика14 часа
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Временска прогноза2 дена
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец
-
Свет2 дена
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
-
Македонија1 ден
„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила