Временска прогноза
Сепак во фокусот невообичаените високи температури кои не се карактеристични за овој период од годината

Под влијание на нов влажен но и постуден бран од север, денес и тоа особено попладне и вo вечерните часови ќе има нови врнежи од дожд. На планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од снег.
Инаку се до крајот на оваа седмица повремено ќе има врнежи од дожд и тоа од локален карактер.
НАЈАВА ЗА КРАТКОТРАЈНО НО И ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО КОЕ ЌЕ ДОНЕСЕ НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА И ДО ОКОЛУ 20 СТЕПЕНИ:
Од утре до сабота нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овј дел од годината. Истите тие денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 19 степени. Од утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Исто така овој топол бран за овој период од годината ќе услови и транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата територија.
БИОМЕТЕО: Поради наглите промени на временската состојба кај нас, но и поради ГОЛЕМОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ кое накратко ни доаѓа, кај метеопатите се можни ПОГОЛЕМИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ (проблеми со притисокот, лошење, главоболка и сличо). Доколку граѓаните овие денови осетат поголеми здравствени проблеми ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар – известува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?

Следува период на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и променливо време со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за локално и слабо провејување на СНЕГ. Исто така повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.
Минималните температури НАСЕКАДЕ ќе се спуштаат под нулата, и истите понекаде ќе се спуштат и до близу -10 степени. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.
Во Скопје ќе имаме слично време.
РАНА НАЈАВА: Барем одсега гледано уште постуден воздушен бран од север и снежен бран нашата територија ќе ја зафатат од четврток. Ова ќе биде проследено и со СИЛЕН ветер од северен правец. Ако нема промени во нумеричките модели, наскоро следува детална и вонредна метео анализа
За Порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа

Вечерва како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, особено за време на викендот како и во првите денови од следната недела. Истите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени а на високите планинските места температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени, што значи студено ќе биде и преку ден.
Во Скопскиот регион исто така има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Денес попладне и навечер како и утре ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу –2 и 1 степен, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени.
За нашиот медиум пишува Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Продор на влажен бран ќе ги зачести дождовите, како и снегот на планинските места – ова се последните метео вести..

Во втората половина од претстојната ноќ према утринските часови кон утрешниот ден, како и утре поради продор на влажен бран од југ во присуство на студен воздух од север на повеќе места ќе има врнежи од снег. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во јужната и источната половина од државава. Ќе дојде до зголемување на снежната покривка за 10 до 15 цм и тоа на повисоките и планинските места каде што веќе ја има, локално и до 20 цм.
На пониските места од истокот и од југот ќе се формира снежна покривка и на пониските места (локално од 5 до 10 цм снег). Барем според сегашните анализи најмалку снег, или ни малку ќе добијат централниот дел од Македонија, како и Охридско – Струшкиот регион, иако и таму има помали услови за малку да побеле.
Во Скопје дожд, повремено дожд и снег или мокар снег и без некоја снежна покривка.
НАПОМЕНА: На пониските места понекаде ќе има појава на лапавица (дожд и снег).
Што се однесува до претстојната ноќ према утринските часови од утрешниот ден од Медитеранот на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд и снег на пониските места (градовите) и само снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Овој пат појава на мокар снег понекаде ќе има и во градовите, особено во јужниот, западниот и источниот дел од Македонија и таму се очекува формирање на мала снежна покривка (локално од 5 до 10 цм).
Врнежите ќе продолжат и утре, како и во петок, а посуво време барем одсега гледано ќе има за време на викендот.
Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Постудено особено наутро ќе биде за време на викендот и тогаш минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, а понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, на планинските места и под -10 степени.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд со овој нов влажен Медитерански бран, но не се исклучува можноста повремено да има и појава на дожд и снег во делови од котлината, особено во повисоките предели. На околните планини ќе врне само снег.
За порта.мк истакна Славчо Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје14 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза14 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина19 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот