Следете не

Спорт

„Сер Боби“ ги објави предводниците за натпреварите против репрезентациите во сегментот „Ц“ од новото издание на Лига на нации

Објавено пред

на

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за натпреварите против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) од групата 4 во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации.

Двете воведни пресметки ги играме на гостински терен во бугарски Разград и Гибралтар. Домашните натпревари против Грузија и Гибралтар се закажани на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.

На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 28 фудбалери:

ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Дени ИЛИЕВ (Тренцин, СЛОВАЧКА);

ОДБРАНА: Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ријека, Хрватска), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Кире РИСТЕВСКИ (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан АЛИОСКИ (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Серед, Словачка), Стефан АШКОВСКИ (Сепси, Романија), Никола СЕРАФИМОВ (Залаегерсег, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Славија Софија, Бугарија), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);

СРЕДЕН РЕД: Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Леванте, Шпанија), Стефан СПИРОВСКИ (МТК, Унгарија), Енис ФАЗЛАГИЌ (Висла Краков, Полска), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердал РАКИП (Малме, Шведска), Бобан НИКОЛОВ (Шериф Тираспол, Молдавија), Давид БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);

НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Шалке 04, Германија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија);

Благоја МИЛЕВСКИ – селектор на македонската А репрезентација:

“Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите кои ги одиграа натпреварите за пласман на Светското првенство, но нашата цел е тројцата нови фудбалери во составот Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ да донесат одредено освежување во репрезентацијата.
Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и низ подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека можат да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за Европското првенство чија ждрепка е закажана во октомври.
Јас се надевам на многу позитивни работи во периодот што ни следува, иако распоредот ни наметнува четири меча, а фудбалерите завршија со клупски активности. Дел од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нама да бидат во комбинација за настап за натпреварите кои ни следуваат, а ќе видиме каква е ситуацијата со дел од играчите кои имаат повреда и дали ќе бидат во можност да настапат”.

Спорт

Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.

Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.

Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.

Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.

Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил

Објавено пред

на

©porta.mk

Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.

Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.

Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.

Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот

Објавено пред

на

©porta.mk

Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.

Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.

Рома ја совлада Парма со 2-1

Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.

Комо убедлив против Верона

Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за недела (9 ноември)

ОВЕН Овни, бидете внимателни кога одлучувате што би можеле да направите. Ако сте разумни, ќе успеете во своите намери. Вашиот...

Спорт5 часа

Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“

Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00...

Кичево12 часа

Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот

На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен...

На денешен ден1 ден

Светот на денешен ден (8 ноември)

1520 – По наредба на данскиот крал Кристијан II, во „Стокхолмската крвава бања“ биле убиени повеќе од 80 шведски свештеници...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (8 ноември)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Македонија1 ден

СВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици

СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни...

Култура1 ден

Утре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!

Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на утрешен ден 8 ноември според новиот (или...

Македонија2 дена

Од 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици

Од следниот викенд, односно сабота – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите...

Македонија2 дена

Лишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп

Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство...

Временска прогноза2 дена

Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република...

НАЈЧИТАНИ