Спорт
Серафимов со „деби-гол“ и носи предност на Македонија на „Тодор Проески“ од 1:0 против Летонија

Никола Серафимов (25) и носи водство од 1:0 на македонската репрезентација против Летонија на гратски, топката дојде до него на втората статива и го постигна својот дебитантски гол, на својот 19-ти настап за „црвено жолтиот дрес“. Да напоменеме на стартот од второто полувреме Димовски од далечина имаше прекрасна можност веднаш да го отвори резултатот но фалеше прецизност.
Милевски направи две измени, Чурлинов и Димовски ги заменија Милан Ристовски односно Димитар Митровски.
Спорт
Омерагиќ: „Очекувам секогаш да судите со праведност и непристрасност“. Кичевските професионални судии со поддршка за Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ

Во рамки на денешниот ден, професионалните судии кои се дел од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево имаа работна средба во „Куќа на фудбалот“ со претседателот на ФФМ г-дин Масар Омерагиќ, кои му дадоа своја поддршка, изразувајќи задоволство за неговиот однос и доверба кон нивната силна посветеност на Фудбалската федерација, како и за обезбедувањето на одлични услови за работа, едукација и професионален развој на судиите.
– „Очекувам од вас секогаш да судите со праведност и непристрасност. Со почит кон сите фудбалери, тренери и навивачи, само со фер однос кон сите, можеме да ја зачуваме довербата во фудбалот“ – на кратко упати порака првиот човек на ФФМ, полн со ентузијазам и елан за работа.
Извор: ФФМ
Спорт
Денес се одиграа мечеви од втората македонска фудбалска лига, утре започнува вториот дел од првата македонска фудбалска лига

Утре недела, 16-ти февруари, започнува и вториот дел од македонската Прва фудбалска лига. Натпреварите започнуваат од 14:00 часот, а двојките за 19-то коло се ФК Силекс – ГФК Тиквеш 1930, ФК Вардар – ФК Шкендија, КФГ Гостивар – ФК Стрига ТЛ, ФК Воска Спорт – ФК Беса 1976, ФК Шкупи 1927 – ФК Работнички и ФК Пелистер – ФК АП Брера.
Имено во рамки на денешниот ден се одиграа и второлигашките двојки. Резултатите од мечевите се следни:
Вардарски – Скопје 0:3, Башкими – Борец 1:1, Охрид – Македонија ЃП 0:1, Победа – Брегалница 0:0, Беласица – Арсими 0:1, Вардар Неготино – Осогово 1:0, Каменица Саса – Кожуф 1:1, Новаци – Детонит 0:0
– Кичевските арбитри Александар Грујоски, Куштрим Лика, Зоран Јанкуловски и Марјан Дејаноски го судеа мечот Каменица Саса – Кожуф кој заврши со конечен резултат 1:1, додека како четврт судија Марјан Стојановски ќе биде дел од прволигашкиот меч на „Билјанини Извори“ во Охрид утре помеѓу екипите ФК Воска Спорт – ФК Беса 1976, каде главен судија ќе биде искусниот Јован Качевски од Струга.
Имено, фудбалските мечеви како што знаете може да се следат во живо преку јутјуб ТУКА, платформата на Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Македонската селекција до 18 години во Скопје ќе одигра два контролни меча против БиХ, Капинковски го истакна списокот на фудбалери

Младата репрезентација на Македонија до 18 година во периодот од 18-ти до 20-ти февруари ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Како што известија од Фудбалската федерација на Македонија за јавноста, контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје.
Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 18-ти февруари со почеток во 13.00 часот. Втората контролна средба е закажана на 20-ти февруари на истиот стадион со почеток во 11.00 часот. Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 18 години, Димитар Капинковски ги повика следните фудбалери за двата контролни дуели против БиХ:
Голмани:
Антониј Трајковски (ФК Работнички)
Александар Трајков (ФК Брера)
Дарко Јовчев (ФК Македонија ЃП)
Одбрана:
Албан Рочи (ФК Брера)
Андреј Димовски (ФК Брера)
Стефан Стамотовски (ФК Вардар)
Христијан Јевтовски (ФК Вардар)
Мартин Џангаровски (ФК Македонија ЃП)
Назиф Цека (ФК Шкендија)
Стефан Секирски (ФК Беласица)
Мухамед Мустафи (ФК Сент Гален, Швајцарија)
Матео Кесиќ (ФК Бродарац, Србија)
Среден ред:
Иван Танчев (ФК Брера)
Давид Ангелевски (ФК Пелистер)
Лорент Жаку (ФК Воска)
Александар Грашевски (ФК Њу Старс)
Ненад Дамјановски (ФК Домжале, Словенија)
Напад:
Марковски Иво (ФК Вардар)
Дитмир Хоџа (ФК Воска)
Флорент Османи (ФК Шкендија)
Бленди Ганиу (ФК Шкупи)
Стефан Бранковски ( ФК Марибор, Словенија)
Малик Дурак (ФК Венеција, Италија)
Дамјан Буцевски (ФК ИМТ, Србија)
Извор: ФФМ
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (17 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски
-
Кичево5 часа
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина
-
Магазин23 часа
(ВИДЕО) Стефан Лазаров и Тамара Тодевска со хит песна, приказна која ќе ве врати до сите блиски кои имаат посебно место во вашите срца!
-
Временска прогноза11 часа
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (16 февруари)
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден / 16 февруари
-
Lifestyle1 ден
Ултра понуди на туристички аранжмани за лето 2025 по ексклузивни цени кои започнуваат од 89€ за 7 ноќевања, резервирајте го вашиот одмор веднаш!