Следете не

Култура

Серијата Lord of the Rings пристигнува на 2 септември 2022 година

Објавено пред

на

Долгоочекуваната серија Lord of the Rings на Амазон конечно има датум на објавување. Серијата премиерно ќе биде прикажана на 2 септември 2022 година, а нови епизоди ќе бидат објавени на Prime Video секоја недела.

Повеќе стари и нови ликови се појавуваат во серијата

Снимањето на серијата започна во февруари 2020 година, но беше комплицирано поради пандемијата COVID-19. Серијата се случува илјадници години пред настаните од книгите Хобит и Господарот на прстените. Еден куп стари и нови ликови ќе мора да се спротивстават на злото за време на Второто доба на Средната земја.

Покрај датумот на објавување, Амазон ја претстави и првата слика што одговара на серијата. Тоа покажува фигура која гледа во сцена со бел град и, многу подалеку, преглед на две љубопитни дрвја. Уште пред да започне снимањето, Амазон објави дека ќе следи втора сезона.

Извор: Pcpress
Фото: Amazon

Литература

Излезе книгата „Гласот на предците“, која претставува зборник на македонски народни преданија од Христијан Аџиоски

Објавено пред

на

Секоја страница исплетува приказна со посебна македонска судбина, која како ехо нè наоѓа… и одѕвонува во нашата свест. Низ приказните во овој мал зборник, ќе ја пропатувате цела Македонија, барем накратко ќе бидете сведоци на различни настани одделени со стотици години, читајќи ги судбините на нашите предци, ќе можете за миг да се соживеете со нивното време!

Во преданијата кои ја раскажуваат Македонија, ќе сретнете непокор, јунаштво, предавства, љубов, мудрости, приказни во кои дефилираат цареви,
принцези, војсководци, бегови, паши, невести, ѓаволи, доаѓаат и светците како заштитници, а прелетува и по некој змеј.

Кратка содржина:

Како Свети Јован го спасил Бигорскиот манастир од уништување? Како од солзи можат да се создадат езера? Зошто е проколната грешната принцеза Струма?
Како Мариово добило царски ферман за навек да остане христијанско? За кого клетвата значи скаменување? Зошто мајмун не игра во Прилеп?
Зошто ѓаволот не успеал да го догради ѕидот во Овче Поле? Како копјето станува волшебно кога ќе ја чуе песната на соколот?
Дали под Плетвар има подземни пештери кои водат до Солун? Како настанал охридскиот чун? Колку долго Бела Ица го чекала царот Александар да дојде по неа?

На сите овие прашања, одговорите се кријат во овој зборник – овде се собрани само дел од приказните со кои можеме читајќи да пропатуваме низ времето на прастарата и никогаш недораскажана Македонија. Преданијата од нашите предци ги наследуваме со вековен аманет да ги раскажеме, запишеме и да им подариме вечност, а со тоа ги овековечуваме и оние кои нам ни ги раскажале.

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е празник – св.Атанасиј Велики повеќе познат меѓу народот како „Танасовден“ – летен

Објавено пред

на

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Св. Атанасиј Велики е роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски.

Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец.

Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото.

Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Св. Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети. Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години.

По поразот на Никејскиот собир ариевците се обиделе да се вратат во црквите и често го клеветеле Св. Атанасиј кај царот поради што тој четири пати бил протеруван во прогонство и во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 15 мај 373 година.

Прочитај повеќе...

Музика

Украина е победник на 66 издание на „Евровизија“, очекувано?

Објавено пред

на

Facebook: Eurovision Song Contest

Вечерва во Торино се одржа големото финале на 66. Избор за песна на Евровизија. Финалето го отворија претставници на Чешка, а го затворија пејачка од Естонија. Констракта претставувајќи ја соседна Србија изведе песната „In corpore sano“ претпоследна, под реден број 24.

Во текот на вечерта видовме 25 настапи од исто толку земји, додека гласаа уште 15 земји. Тие 15 земји се оние кои не се пласираа во двете полуфиналиња на „Евровизија“, но, како што беше во претходните години, ќе можат да гласаат во финалето.

Предлозите се такви што 50 отсто од гласовите доаѓаат од стручното жири, од секоја земја поединечно, додека 50 отсто се гласовите на публиката.

Точниот редослед на финалистите на Евровизија е: Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска , Австралија, Англија, Полска, Србија, Естонија.

Украина извојува убедлива победа на овогодинешната Евровизија. Оркестарот Калуш победи на Евровизија со песната „Стефанија“.

Честитки на одличната изведба!

ФОТО: Eurovision Song Contest

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт1 секунда

Одредени бараж натпреварите во македонскиот фудбал, како и екипите кои ќе бидат со лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата

Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го одреди стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп за домаќин на...

Временска прогноза2 часа

Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи

Попладнево сеуште под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка е МНОГУ ТОПЛО и...

Магазин7 часа

Доаѓаат големи промени во iOS 16

Конференцијата за програмери на Apple WWDC 2022 е за три недели. Очекуваме американската компанија да претстави многу интересни работи. Меѓу...

Магазин7 часа

Еве ги игрите што доаѓаат со претплатата за PS Plus Extra и PS Plus Premium

Sony објави листа на игри до кои ќе може да пристапат претплатниците на PS Plus доколку се претплатат на повисоко...

Магазин7 часа

Маск го паузираше купувањето на Твитер

Илон Маск објави дека неговиот договор со Твитер чека додека не добие повеќе информации за тоа колку лажни профили има...

Магазин7 часа

Samsung ги зголемува цените на чиповите

Како што стојат работите, компаниите кои користат Samsung чипови во своите производи наскоро ќе мора да одвојат многу поголема сума...

Магазин8 часа

Тесла повлекува 130.000 возила поради дефект на екранот

Tesla повлекува 130.000 возила во САД поради проблеми со прегревање што може да доведе до дефект на централниот екран на...

Македонија8 часа

Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава

На 16.05.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на...

Литература11 часа

Излезе книгата „Гласот на предците“, која претставува зборник на македонски народни преданија од Христијан Аџиоски

Секоја страница исплетува приказна со посебна македонска судбина, која како ехо нè наоѓа… и одѕвонува во нашата свест. Низ приказните...

Временска прогноза11 часа

Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до...

НАЈЧИТАНИ