Кичево
Купи сезонски билет, помогни за спас на кичевски „ФК Напредок“

Почитувани љубители на фудбалот, ние како верни поддржувачи на нашиот матичен клуб од Кичево, како и вие ценети навивачи, симпатизери, поранешни фудбалери на клубот, Кичевчани и сите на кои „Напредок“ Ви е во срцето, преку нашиот медиум Ви ја пренесуваме информацијата дека започнува продажбата на сезонските карти за натпреварувачката сезона 2023/2024 по цена од 500 денари за билет.
Со купување на сезонската карта и одвојување на скромни финансиски средства од Вашиот семеен буџет го помагате опстојувањето и функционирањето во овие тешки времиња на клубот, кој претставува наша кичевска гордост.
Наскоро сезонските карти ќе бидат достапни за купување на повеќе локации и пунктови во градот,
за што ќе бидете навремено известени, како и на Градскиот стадион во Кичево, каде заинтересираните веќе може да ги набават.
Заинтересираните може да обезбедат сезонски билет преку порака во inbox или на следниве контакт телефони:
☎️ 070/983-826 / 070/686-598
Во блиска иднина ќе биде формиран и Клуб на пријатели на ФК „Напредок“,
а се планира да профункционира и официјален fan shop на Напредок
ВКЛУЧИ СЕ ВО АКЦИЈАТА
КУПИ СЕЗОНСКА КАРТА
ПОДДРЖИ ГО НАПРЕДОК
СО 💙 за НАПРЕДОК
Кичево
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест на нашиот празник „Петровден“, именденот на нашата кичевска православна црква Св.Петар и Павле.
Благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедност во сообраќајот, како никогаш до сега беспрекорно ја завршија својата работа, како и до сите учесници, до сите кои со своето присуство оддадоа почит кон празникот, дај боже од година за година да се збираме во уште поголем број!
Благодарност и до „City Caffe“ кој отстапија паркинг место за сите моторџии.
Дидо! 🙌
Вечна традиција!
Кичево
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево, до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
-
Кичево20 часа
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево2 дена
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Кичево12 часа
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура24 часа
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Култура2 дена
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Lifestyle2 дена
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите