Временска прогноза
Што се случува со атмосферата, доаѓа дожд и пролетни температури?
Пролетното есенско време во Македонија продолжува и понатаму. Но сепак во следниот период нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад. Овие влажни бранови во Македонија ќе условуваат повремени врнежи од дожд како на пониските места (градовите), така и на повисоките места и на планините. Повремено и тоа особено во четврток претпладне и во недела врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.
Локално и повремено ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени и ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и тоа поради јужното воздушно струење, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево14 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија11 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Хороскоп4 часаХороскоп за вторник (16 декември)
