Следете не

Социјални мрежи

Што се случува во „Twitter“ – отпуштени двајца клучни луѓе за безбедноста на социјалната мрежа

Објавено пред

на

Твитер остана без двајца главни луѓе, кои се задолжени за безбедноста на популарната социјална мрежа. Имено компанијата го отпушти Петер Затко, шефот за безбедност на Твитер, како и Ринки Сети, кој беше потпретседател на компанијата и шеф на информациската безбедност.

И двајцата, сега поранешни функционери се на своите позиции на Твитер од 2020 година

Параг Агравал, извршниот директор на Твитер, истакна дека одлуката за отпуштање на шефовите на безбедносните служби е донесена врз основа на тоа како се раководела организацијата, како и врз основа на влијанието врз деловните приоритети.

Ова се првите големи потези на Агравал, кој неодамна дојде на чело на Твитер, откако долгогодишниот основач и извршен директор Џек Дорси се повлече од таа позиција.

Социјални мрежи

„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jonas Leupe

Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред екран. Во продолжение ги издвојуваме најновите статистики за најпреземаните апликации во светски рамки, како и споредба по платформи и категории.

Инстаграм ја задржа водечката позиција како најпреземана апликација на глобално ниво во октомври 2025 година, достигнувајќи 52 милиони преземања. Истовремено, таа е и најпреземаната социјална апликација за истиот период.

Во септември 2025 година пак беше ChatGPT искачен на врвот како најпреземана апликација со 45 милиони преземања.

Најпопуларни апликации во светот за Октомври 2025

Инстаграм доминираше со вкупно 52 милиони превземања преку „Google Play“ и „iOS App Store“, позиционирајќи се како најбараната апликација во светот за октомври 2025, пренесува backlinko.com.

1. Instagram 52 million
2. TikTok 42 million
3. Facebook 36 million
4. WhatsApp 36 million
5. Temu 36 million
6. Threads 33 million
7. ChatGPT 32 million
8. Telegram 24 million
9. CapCut 23 million
10. Meesho 21 million

Наскоро финишираат и статистиките за најсметнувани мобилни апликации за цела година 2025.

Извор: backlinko.com

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени

Објавено пред

на

ФОТО: Facebook/OrceSimov/Printscreen

Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“

– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов

И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Shutter Speed

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.

Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.

За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.

Како да го направите тоа:

Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.

Изберете „Privacy & Safety“.

Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.

Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.

Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза38 минути

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево2 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија3 часа

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин4 часа

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија6 часа

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (18 декември)

ОВЕН  Личноста со која сте блиски сигурно ќе ви даде добар совет. Слушајте внимателно дури и ако ви се чини...

Македонија18 часа

Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!

Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел...

Кичево23 часа

Празничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар

Драги кичевчани, наши читатели. Празничната магија повторно се чувствува во Кичево, полека но сигурно го враќа впечатливиот сјај на кој...

Скопје1 ден

Кинез и Италијанец пробале да влезат во Македонија со фалсификувани документи, експресно биле приведени

Вчера во 01:50 часот на Граничниот премин „Meѓународен Аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин1 ден

Голема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато

Класичните пластични SIM-картички полека исчезнуваат од паметните телефони. Според експертите, меѓу кои и Александар Рабе од Здружението на интернет индустријата,...

НАЈЧИТАНИ