Македонија
Синоќа СВР Охрид ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола“, истата ќе се реализира и во другите градови
Синоќа (16.07.2022 година), Секторот за внатрешни работи Охрид, ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во рамките на проектот „Безбедно лето 2022), извршија превентивна обиколка на угостителските објекти како и местата на отворен простор каде, во ноќнитечасови најчесто се собираат и задржуваат младите.
Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителскии други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања. Исто така оваа цел на кампањата е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се од Законот за прекршоци против јавниотред и мир. Кампањата, овој месец ќе се спроведе и во другите населени места што ги покрива СВР Охрид.
На 17.07.2022 .година од 23 до 03 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во централното градско подрачје во Охрид. Притоа, во повеќе угостителски објекти, после 24 часот, затекнати се малолетни лица кои консумираат алкохол.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (24 април)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Lifestyle2 дена
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин2 дена
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука
-
Магазин22 часа
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин22 часа
Meta се затвора во Турција
-
Спорт16 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал