Кичево
(ФОТО) Децата од кичевското ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ со порака – „Ширете eмпатија во нашиот прекрасен град – прекрасни луѓе!“
Кичево преплавен со кодови за скенирање
Деновиве сме сведоци на безброј кодови за скенирање низ нашиот град. Имено, доколку ги скенирате ќе видите дека содржат безброј прекрасни пораки за емпатија и добри дела сѐ со цел да ја поттикнат емпатијата во нашиот град, како помеѓу своите соученици и врсници, така и помеѓу повозрасната поплулација.
Основното училиште ООУ “Д-р Владимир Полежиноски” од 28 март до 1 април беше домаќин на Еразмус проектот – “Емпатија за толеранција и разбирање на туѓите грешки” и заедно со партнерите од Словенија, Романија и Италија работеа на темата – емпатија. Учениците од Еразмус клубот во училиштето деновиве изработија кодови и порачаа:
– „Ширете eмпатија во нашиот прекрасен град – прекрасни луѓе!“
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“
Стотици кичевчани и оваа господова 2024-та година од сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле – Кичево каде присуствуваа на полноќните богослужби по повод христијанскиот празник „Воскресение Христово – Велигден“.
Дворот на храмот заштитник на град Кичево беше претесен за сите верници каде традиционално се собраа на соопштување на радосната вест „Христос Воскресна“, од страна на свештениците.
Радост и среќа будат најмладите кои чествуваат и ја негуваат верата, укажувајќи ни уште еднаш за важноста на овој ден и најголем празник!
Ви прилог официјална галерија преку нашиот објектив на Јован Ангелески
Кичево
(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“
Вчера и официјално заврши традиционалниот турнир во мал фудбал по повод ,,7ми мај – Денот на Македонската полиција” организиран од страна на Претседателот на Совет на МПС Охрид Јетмир Реџепи, членот на Претседателство на МПС Ештреф Ахмети и Претседателот на ОО на МПС-Кичево Сејдин Сејдини. Учесници на турнирот беа екипи од подрачјето на ОВР Кичево составени од членови на Македонскиот Полициски Синдикат.
На завршниот турнир присуствуваа и свечено го затворија Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и началникот на ОВР Кичево Амдин Емини воедно доделувајќи го пехарот за прво место на екипата ПС за ОН Кичево.
Второ место беше екипата на ПО за БПС Кичево, трето место беше екипата на ПО Зајас.
За најдобар играч беше прогласен Дриљон Лика, најдобар голгетер беше прогласен Филип Филипоски и за најдобар голман беше прогласен Дарко Темелковски.
Истакна претседателот на Македонски полициски синдикат д-р Марјан Кицев.
Повеќе фотографии ТУКА
Кичево
(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи
На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.
Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.
Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.
-
Култура1 ден
(ФОТО) Денес во Струга се одржа традиционална величествена Литија, кичевчани ја носеа Крнинската икона на Мајка Богородица
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (8 мај)
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (9 мај)
-
Автомобили2 дена
Дали знаевте колку произведени Mercedes се уште се на пат денес?
-
Гејминг7 часа
Една од најпознатите Counter-Strike мапи се чини дека се враќа, на голема среќа за играчите
-
Занимливости15 часа
Рекорден профит на Нинтендо, но за сѐ е одговорен најпознатиот водоинсталатер во светот
-
Магазин2 дена
iPhone 17 Slim ќе го замени моделот Plus во генерацијата на телефони на Apple следната година
-
Магазин2 дена
Apple и Samsung ги држат првите 10 позиции на листата на најпродавани мобилни телефони