Временска прогноза
Следните десет дена црвен аларм кој носи топлотен бран во Македонија
Најновите анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека во следните десет денови територијата на Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, и истата ќе донесе високи температури на воздухот, како и висок Ув индекс.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, а максималните дневни температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8 ). Апелираме во следните денови и покрај тоа што не се очекуваат некои екстремно високи температури на воздухот, сепак без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да се пијат повеќе течности, и тоа поради високиот Ув индекс.
Да напоменеме дека во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за развој на изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и топло време со аксимални температури кои поради топлиот Африкански бран ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени, за Порта пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со центар над Џенова, денес (петок) најпрвин во западните предели, а во текот на попладнето и вечерта, како и ноќта кон утре (сабота) ќе се прошират врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).
И во Скопскиот регион денес (петок) особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер, како и со услови за појава на грмежи.
Што се однесува до температурите, тие во петок и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 29 степени, пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавената промена на времето следува од денес, почнувајќи од западните предели каде ќе започне локален дожд
Од денес (четврток) па се до крајот на неделава ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност која ќе биде со центар над Џеновскиот Залив. Во ваква ситуација, денес најпрвин во западните предели ќе има повремен локален дожд.
Од петок па за време на викендот повремени врнежи од дожд ќе имаме во поголем дел од државава и истите локално ќе бидат пообилни. Локално ќе има услови и за појава на невреме со силен ветер, грмежи и со услови за појава на град.
Да напоменам, дека за време на овој циклон повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час)
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бидат во значителен пораст, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 26 степени. Само да напоменам дека во овие денови локално во југоисточните предели, како и во централниот дел од државава, но и во Скопскиот регион повремено температурата ќе надминува и 25 степени. Инаку, и во Скопје од петок ќе има појава на повремени врнежи од дожд.
За време на овој циклонски систем, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), пишува познатиот метеоролог Славчо Попоски
Временска прогноза
Утринава зимски подпросечни температурни разлики, во Берово и Лазарополе ноќва температурата се спушти и под нулата!
Рано утринава во Македонија имаме претежно ведро и невообичаено студено време за овој период од годината, со потпросечни температури. Најстудено во 3 и 30 часот беше во Берово и Лазарополе до -1 степен.
На картата можете да ги погледнете и останатите температури измерени во Македонија, и тоа во 3:30 часот утринава, пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 октомври)
-
Кичево13 часа
Во вторник по трет пат во Кичево ќе се одржи „Концерт на млади пијанисти“, кои ќе приредат вистинско уживање во звуците на познатите великани во класичната музика
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (6 октомври)
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид спроведе едукативна кампања за дечиња „Мојот пријател полицаец“
-
Магазин1 ден
Spotify: Слушање музика дури и без интернет конекција
-
Занимливости2 часа
Астрономите очекуваат експлозија на ѕвезда која се случува еднаш на 80 години
-
Магазин1 ден
Корисниците на Android менуваат телефони почесто од сопствениците на iPhone
-
Спорт1 ден
Вардар против Тиквеш, Струга ТЛ против Македонија ЃП, додека Пелистер ќе игра против Детонит во осминафиналето на Купот на Македонија