Кичево
Следните кичевски села утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на терен од страна на ЕВН
Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, на ден 29.03.2022 година – вторник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат дел од домаќинствата на дел од с.Туин, Србица, За Бериково, с. Поповјани,с. Јагол, с. Осломеј, Жубрино, Аранѓел, село Мамудовци, Лазаровци, Црвивци, село Стрелци, Шутово и Премка.
Прекинот според информациите со кои располагаме ќе биде од 08:00 до 15:00 часот
Извор: Струја
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (29 октомври)
-
Македонија20 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија17 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Хороскоп8 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
-
Магазин2 денаИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Lifestyle2 денаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин2 денаWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
