Следете не

Спорт

Следните три дена ќе се одвиваат мечеви од финалниот турнир од „ФФМ Детската лига“ за сезона 23/24

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија ја информираше јавноста дека во период 01-03.06.2023 на ФФМ тренинг центарот ќе се случува финалниот турнир од „ФФМ Детска Лига“ за сезона 2023-2024. Почнувајќи од утре во 10:00 часот, а заклучно со Понеделник во 19:00 часот на ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2011 – 2016).

Ова е само завршница на годинешното издание на ДЛ каде имавме учество на 149 клубови и 649 екипи со 10000 млади фудбалери кои имаа можност да се натпреваруваат секоја недела во рамките на своите региони.

На учесниците им посакуваме среќа на претстојните натпревари и истите да поминат во духот на фер – плејот, а воедно и упатуваме отворена покана за присуство до сите заинтересирани.

Во продолжение можете да го погледнете распоредот за финалните турнири, кликнете ТУКА

Спорт

Претставниците на ФФМ, Филип Поповски и Сашо Даневски дел од организацијата на „ЕУРО 2024“

Објавено пред

на

©ФФМ

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство 2024 во Германија.

Филип Поповски е одреден за делегат на сите натпревари кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија, Холандија – Австрија и натпреварите од елиминациската фаза, 1/8 финале, 1/4 финале и големото финале на 14. јули 2024.

Сашо Даневски, кондицискиот тренер на фудбалски судии, веќе три седмици во Франкфурт работи со делегираните судии за Европското првенство. Нашиот Даневски, исто така, беше одговорен за следење на тренинг процесот на судиските тимови кои ја делеа правдата и на финалните натпревари од Лига на Шампиони и Лига Европа.

Ова признание и улогата која им е доделена на Филип Поповски и Сашо Даневски ја истакнува стручноста, посветеноста и професионализмот во нашата федерација. Во улога на делегати на мечевите во организација на УЕФА, претставниците на ФФМ и досега ги одржуваа највисоките стандарди на организација и ефикасност на натпреварите. Дополнително, фитнес тренерите работат со судиите за да се осигураат дека тие се во врвна физичка кондиција, што е клучно за одржување на брзиот и напорен карактер на турнирот.

Доверувањето на овие одговорности ја нагласува довербата што организацискиот одбор на ЕУРО 2024 и УЕФА  ја имаат во способностите.

„Пред се би сакал да се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија за несебичната поддршка на сите оние кои ја преставуваат нашата федерација и нашта држава на големи настани како што е Европското првенство. Благодарност и до УЕФА која го препознава нашиот труд и квалитет и ни ја дава можноста да бидеме дел од ова големо натпреварување. Функцијата делегат на натпреварите на Олимпискиот стадион во Берлин е привилегија, но и многу одговорна функција која е поврзана со сите спортски аспекти на самиот стадион. Јас верувам дека ќе се покажеме во најдобро можно издание и ќе направиме простор за идни наши преставници да бидат дел од европските натпреварувања“, за јавноста преку ФФМ изјави Филип Поповски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија со два крајно сомнителни пенали загуби од Чешка на гостински терен, последниот беше досуден во 97-та минута од натпреварот

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската А репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове. Барак погоди од непостоечки пенал во 97. минута. Исник Алими во 65. минута го даде голот за Македонија за израмнување на 1:1. Спорен момент беше и првиот гол од пенал за домаќините. Чешките фудбалери се судрија во казнениот простор, Муслиу беше зад капитенот Соучек и по скоро минимален контакт, судијата Оченаш одлучи да покаже на белата точка. Прекинот траеше одредено време, имаше и тензија, но одлуката не беше променета. Предност за домашните донесе Патрик Шик во 60. минута.

Чешка беше многу поактивна во првото полувреме. Домаќинот се закани на стартот преку Шик, но топката заврши во корнер. Потоа се обиде и Хложек, а во 20. минута Муслиу спаси гол по ударот на Коуфал. Во 31. минута, Македонија првпат се закани кога по една мешаница шутираше Исник Алими, но само во рацете на Станек.

ЧЕШКА: Штанек; Холеш, Хранач, Крејчи; Куфал, Соучек, Хложек, Провод, Доудера; Шик, Кухта;

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски; Ашковски (77’ Димоски), Зајков (72′ Серафимов), Делковски, Муслиу, Алиоски (89′ Иљазовски), Костадинов, Алими, Атанасов; Елмас (89′ Ќамили), Трајковски (77’ Ристовски);

Прочитај повеќе...

Спорт

Ова се стартните 11 на Македонската репрезентација против Чешка

Објавено пред

на

За мечот против Чешка, ова се стартните 11 за Македонската репрезентација

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 минути

Утре со манифестацијата „Поетска Рацинова вечер“ ќе се одбележи патрониот празник на Центарот за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево

По повод патрониот празник на Центарот за Култура „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се одржи манифестација „Поетска Рацинова вечер“ која...

Спорт10 минути

Претставниците на ФФМ, Филип Поповски и Сашо Даневски дел од организацијата на „ЕУРО 2024“

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на...

Временска прогноза4 часа

Сепак за утре најава за пороен дожд и грмежи?

Многу топло, но со сосема малку пониски температури за разлика од денес ќе се задржи и во текот на утрешниот...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за среда (12 јуни)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Автомобили1 ден

После колку километри треба да се менуваат амортизерите?

Многу возачи буквално никогаш не размислуваат да ги заменат амортизерите. Едноставно, ако нема сериозни проблеми, амортизерите се сметаат за вечни....

Магазин1 ден

Toshiba подготвува хард дискови со капацитет од над 30 ТБ

Toshiba ги предизвикува Seagate и Western Digital тврдејќи дека има хард дискови во своите лаборатории кои имаат капацитет од повеќе...

Магазин1 ден

Apple Intelligence носи нови функции на iPhone, интеграција ChatGPT и повеќе

На WWDC 2024, Apple го претстави Apple Intelligence, што носи подобрувања во Siri и интеграција со ChatGPT. Новите алатки за...

Временска прогноза1 ден

Сепак во петок пад на температурите за околу 10 степени, топлото време попушта

По максимумот на овој топол бран кој во најтоплите предели од Македонија ќе донесе температури и до околу 40, 41...

Спорт2 дена

Македонија со два крајно сомнителни пенали загуби од Чешка на гостински терен, последниот беше досуден во 97-та минута од натпреварот

Македонската А репрезентација со два сомнително досудени пенали загуби од домашната Чешка со 2:1 на контролниот натпревар во Храдец Кралове....

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (11 јуни)

ОВЕН Овенот има многу хобија и слободно време, но некој близок има нешто против сето тоа! Размислете како би реагирале...

НАЈЧИТАНИ