Магазин
Следните три хороскопски знаци го немаат зборот „извини“

Следните хороскопски знаци, дефинитивно го немаат зборот „извини“
Овен
Овенот речиси никогаш не се извинува. Кога тоа ќе го направи се работи за вонредна состојба, односно нешто премногу згрешил што би сакал да може да излезе од сопствената кожа. Во спротивно, кога знаат дека се виновни, игнорираат и продолжуваат да си тераат по свое. Ако и понатаму ги иритирате, бидете подготвени за кавга бидејќи дури тогаш ќе го „пуштат“ својот јазик.
Лав
Кога ќе дојде до конфликт, Лавот повеќе од сигурно со сите средства ќе се бори да победи и силно ќе ги брани своите ставови. Сепак, кога ќе сфати дека згрешил, тој ќе биде спремен на разговор, а тогаш театрално ќе го одржи својот говор. Притоа, тој проникливо ќе ги изговара своите зборови, само да не биде губитник.
Скорпија
Сите конфликти со Скорпијата можат да се решат, освен ако сте го повредиле нејзиното его и сте направиле да се почувствува лошо. Во случај да е виновна за одредена состојба, а другата личност да нема никаква вина, Скорпијата ќе собере сили и ќе даде до знаење дека си ја разбрала грешката. Но, тоа ќе го направи многу објективно и никогаш нема да се стави во состојба да биде понизна.
Магазин
Кина: Напредокот на кинеската апликација DeepSeek е пример за порастот на вештачката интелигенција во кинеските компании

Напредокот на кинеската апликација за вештачка интелигенција (ВИ) DeepSeek го одразува подемот на кинеските компании на терен, изјави денеска претставникот на кинескиот парламент Лу Чинјан.
Одговарајќи на прашање за напредокот на Кина во вештачката интелигенција, Лу рече дека она што го постигна младиот тим на кинескиот стартап за вештачка интелигенција DeepSeek е „за пофалба“, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека „DeepSeek се придржува до пристапот со отворен код и ја промовира широката примена на технологијата за вештачка интелигенција на глобално ниво“ и дека „преку подемот на компании како DeepSeek, можеме да ја видиме иновативноста и инклузивноста на технолошкиот развој на Кина“.
Извор: Tajung
Магазин
Јапонци развија телевизор кој овозможува да вкусите храна

Како функционира Taste TV?. Уредот, наречен „Taste TV“, користи спрејови во комбинација со 10 различни вкусови за да ги создаде вкусовите на одредени намирници.
Како се развивала технологијата?. Професорот Хомеи Мијашита објаснува дека овој тип на технологија може да ја подобри комуникацијата и искуството на луѓето, особено во време на пандемија. Целта на оваа иновација е да им се овозможи на луѓето да искусат нешто како јадење во ресторан на другата страна на светот, иако се наоѓаат дома.
Како тимот на Мијашита работел на проектот?. Мијашита работел со тим од 30 студенти на различни уреди за вкус, вклучувајќи и вилушка која го прави вкусот на храната побогат.
Каква е цената на прототипот?. Прототипот бил изграден во текот на изминатата година, а комерцијалната верзија на уредот ќе чини околу 900 долари.
Што е следно за оваа технологија?. Професорот исто така се надева да развие платформа која ќе им дозволи на корисниците да преземаат вкусови од различни делови на светот и да уживаат во нив.
Извор: RTCG
Магазин
Измамници таргетираат корисници на Netflix со фишинг напад

Експертите за безбедност предупредуваат дека измамници користат вештачка интелигенција за да создадат многу реалистични фишинг е-пораки, кои изгледаат како да доаѓаат од Netflix.
Како изгледа измамата?
- Корисниците добиваат е-пошта која тврди дека нивната Netflix сметка е „на чекање“ поради проблеми со наплатата.
- Во пораката има црвено копче кое ги насочува жртвите кон лажна веб-страница што изгледа идентично со Netflix.
- Кога ќе ги внесат податоците, измамниците добиваат пристап до нивната лозинка, домашна адреса и број на платежна картичка.
Што треба (и не треба) да правите?
- Проверете ја адресата на испраќачот. Netflix секогаш користи официјални адреси и никогаш не праќа барања од iCloud или слични домени.
- Никогаш не кликнувајте на линкови во сомнителни е-пораки. Наместо тоа, директно најавете се на официјалната Netflix страница.
- Не внесувајте лични податоци на веб-страници што ви изгледаат сомнително.
- Ако сте жртва на измама, веднаш сменете ја лозинката и контактирајте ја вашата банка за евентуални неовластени трансакции.
Со вештачката интелигенција, фишинг нападите стануваат поуспешни и потешки за препознавање, па затоа е клучно да бидете внимателни при отворање е-пораки и внесување на чувствителни податоци.
Извор: NY Post
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Кичево22 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија1 ден
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари
-
Магазин1 ден
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!
-
Култура19 часа
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Македонија8 часа
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами