Следете не

Временска прогноза

Следува период на ниски температури проследени со дожд и снег

Објавено пред

на

Следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи претежно од снег.

Снежната покривка на планинските места ќе продолжи да се зголемува, додека нова ќе се формира и на некои пониски места, а таму каде што ја има на пониските места истата ќе се зголемува. Особено од среда ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однедува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека од средината на неделата истите понекаде ќе се спуштат дури идо -10 степени, а на планинските места и под -10 степени.

Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, а од средината на неделата истите ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.

НАПОМЕНА: Овие температури се ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен  ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).

Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

За зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Pascal Debrunner

Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде „Ла Ниња“ зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен „Ла Ниња“ па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега  или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.

Секако „Ла Ниња“ оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така  и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас  и очекувам поснежна зима  со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради „Ла Ниња“, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во нашата Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.

Исто така, „Ла Ниња“ повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег  и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.

Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни. Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување  и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа, утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер.

И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.

Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за вторник (11 ноември)

ОВЕН Работа – Пред вас е малку потежок месец, полно со искушение што се однесува до работата и работната атмосфера. Бидете...

Кичево10 часа

На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“

Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та...

Здравје и убавина13 часа

Домашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења

Бубрезите се еден од најважните органи во човечкото тело, а нивната здравствена состојба е клучна за целокупното функционирање на организмот....

Спорт14 часа

Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ

Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот...

Кичево16 часа

(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“

Денес и официјално Д-р Александар Јовановски ја презеде градоначалничката функција и влезе во општинската зграда на град Кичево. Со свеченост...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (10 ноември)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

Кичево2 дена

Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови

Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30...

Здравје и убавина2 дена

Овие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок

Високиот крвен притисок (хипертензија) претставува сериозно здравствено состојба која може да доведе до опасни, па дури и фатални последици, како...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (9 ноември)

ОВЕН Овни, бидете внимателни кога одлучувате што би можеле да направите. Ако сте разумни, ќе успеете во своите намери. Вашиот...

Спорт2 дена

Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“

Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00...

НАЈЧИТАНИ