Временска прогноза
Снегот нема да застане денес, ќе продолжи да паѓа и во наредниот период, додека на планините значително ќе се зголемува снежната покривка
Во текот на денешното попладне, како и во текот на претстојната ноќ, територијата на Македонија ќе биде зафатена од нова многу голема влажна воздушна маса, која е во склоп со студената воздушна маса од север.
Во ваква ситуација, ќе има нови обилни врнежи, кои во западните, југозападните и во северозападните предели од државава ќе бидат од дожд и снег во пониските места, понекаде и влажен снег, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка (се очекува нов снег од над 60/70 цм), додека на повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 цм, додека снежна покривка во погоре споменатите предели ќе се формира и во повеќето градови, понекаде со висина од 10 до 20 цм, локално и повеќе.
Ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси.
Што се однесува до Скопскиот регион, таму очекуваме врнежи од дожд, повремено од дожд и снег во делови од Скопската котлина, додека во повисоките предели од котлината, како и на околните планини ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 3 степени.
Апелираме, доколку патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни со своите возила, поради очекуваните нови обилни врнежи од снег, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата
Од претстојната ноќ и утре (четврток 5.12.2024), од југозапад во Македонија ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на планините, а во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.
– Пообилни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, а ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Во Скопскиот регион, особено утре (четврток 5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните повисоки планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер ид југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат нешто пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во Скопскиот регион максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Променливо време, на повидок снег во регионите над 1000м надморска височина
Од утре (среда), а особено од четврток 5.12.2024 следува подолг период на променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, каде очекуваме зголемување на снежната покривка.
Повремено, и тоа особено во западните предели снег ќе врне и на повисоките места, па така услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места, односно на надморска височина до околу 1000 метри, а таа повремено би можела да се спушти и под 1000 метри.
Ќе биде претежно тивко, а поветровито време очекувам во недела, и тогаш ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопскиот регион, исто така особено од четврток (5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, а повремено на околните планини ќе има услови и за повремен снег. Во недела ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, наутро тие на повеќе места ќе бидат позитивни, односно над нулата, освен на високите места и на планините, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, а во четврток тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Долгорочна временска анализа: Месец декември ни носи чести врнежи од снег и дожд, а ќе биде постудено од ланска година!
Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го поминеме во знакот на значително постудено време за разлика од лани, како и со почести врнежи од дожд и снег.
Температурите овој декември ќе бидат околу, повремено и потпросечни, што значи дека може да очекува почести ладни продори од север, кои би условиле врнежи од дожд и снег, како и формирање, или зголемување веќе на постоечката снежна покривка на планините, како и на Скијачките центри.
Секако, во ваква ситуација во текот на овој месец секако дека очекуваме врнежи од снег и на пониските места (градовите) со оглед на тоа дека како што погоре најавив не очекуваат почести ладни продори од север.
Според долгорочното анализирање на времето, овие ладни продори првиот снег би го донесле и во Скопската котлина, но околу ова допрва ќе го анализирам времето, па така граѓаните на Скопје навремено ќе бидат информирани околу тоа кога ќе падне првиот снег во ниските делови од котлината.
Се на се, оваа година ќе имаме еден поинаков декември за разлика од минатите години, односно значително поладен и со повеќе дожд, снег како и со снежни идили, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (7 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 декември)
-
Спорт5 часа
Кичевското „трио“ ќе ја дели правдата утре на мечот „Струга ТЛ – Воска“, Ставрев и Костадинов на „Тодор Проески“ за последен пат пред пензија на „ФК Работнички – ФК Пелистер“
-
Кичево1 ден
Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески од Кичево!
-
Македонија1 ден
Утрово кај охридско Ново Село, полициски службеници направиле сообраќајка со службено возило
-
Спорт2 дена
Едоардо Бове фудбалерот од Фиорентина кој колабираше на терен, постои можност неговата професионална кариера да ја заврши
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 6 декември
-
Магазин8 часа
Топ 10 најпродавани телефони со вештачка интелигенција во светот