Македонија
Со посебно опремениот ноќен радар 108 санкции за возење побрзо од дозволеното!
Во текот на изминатата вечер (30/31.08.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 108 возачи.
Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 30 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Македонија
„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е шеста година по ред каде што оваа организација ќе ги израдува најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна, а таа енергија не радува буквално сите и стари и млади.
До сега оваа акција има подарено над 15,000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидиални донатори, фирми и медиуми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава.
Настаните на ова движење можете да го погледнете на агендата на ПЗСД за 2026та, каде што можете со ваша донација на пакетче да се придружи секој. За донации од странство контактирајте ги на фејбук страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња“ – ТУКА
Очекуваме многу позитива, шириње на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година.
Инаку, порта.мк е дел од оваа структура и партнер на оваа организација од самиот почеток, така што продолжуваме и понатаму
Ова е комплетната агенда:

„Пакетчиња за Сите Дечиња“ 6, Од Народ За Народ.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија
АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината според поставената патна сигнализација и условите на патот, со цел безбедно патување.
Имајте пријатен ден.
Македонија
Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел куќата на Јане Благадушоски, домаќин човек со добра душа. Преку нашиот медиум упатуваме апел до сите кои можат да помогнат финансиски оваа куќа да се возобнови за да може Јане да продолжи безгрижно да живее.
Т-ска сметка: 270700006540756
Банка: Халк Банка
Име и презиме: Јане Благадушоски
с.Воѓани / ул. Најдо Најдоски бр. 149
Да бидеме хумани, затоа што животот е непредвидлив, може секого да го доведе до искушение.
Со почит до сите.
Број за контакт: 079/266-512 – Бојан Благадушоски
-
Кичево22 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија16 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп13 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин1 денГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
-
Скопје23 часаКинез и Италијанец пробале да влезат во Македонија со фалсификувани документи, експресно биле приведени
