Македонија
Со последното намалување на цените на нафтените деривати, дизелот и бензинот од денес се продаваат по иста цена за литар

Дизел горивото од денес се продава со намалена цена за два денари од литар, додека пак цената на бензините останува иста, према соопштението кое го истакна вчера Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија (РКЕ).
Со оваа последната одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.
Новата малопродажна цена на бензинските станици за купен ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе изнесува 84,5 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува 84,5 денари за литар и практично се израмни со цената на дизелот, додека повеќе октанскиот – ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму останува да се продава 86,5 ден/лит, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Цената на Мазутот М-1 НС останува 41,81 денари за килограм.
Македонија
Измена на режим на сообраќај, пат Охрид-Кичево поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема

СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун. Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид. Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе“ кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.
Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација

На 12.05.2025, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија. Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање на шумски патишта и околу 200 метри кубни исечени букови дрва подготвени за товарање и транспорт без соодветна документација.
Во координација со јавен обвинител, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција, како и надлежниот инспекторат, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „пустошење на шуми“, информира МВР.
Македонија
МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ. На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка.
Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава, истакна МВР.
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Фудбалерите на „ФК Кичево“ – Матески и Димоски денес дебитираа за националниот дрес на мечот Македонија – Словенија до 14 години
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (14 мај)
-
Кичево2 дена
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Македонија2 дена
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација
-
Македонија11 часа
Измена на режим на сообраќај, пат Охрид-Кичево поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема
-
Магазин1 ден
Новото еколошко друштво „Ендемит“ од Кичево врши упис на млади ентузијасти и љубители на природа кои ќе дадат придонес во заштитата на биодиверзитетот и животната средина
-
Временска прогноза17 часа
Од утре попладне влажен бран од Медитеранот носи обилни врнежи од дожд, ладно време и засилен ветер
-
Магазин1 ден
Започнува летната сезона 2025, време е да го резервирате вашиот одмор, а „Минт (ЈК Травел)“ – Кичево ги има најдобрите понуди за вас