Временска прогноза
Со зимата не сме завршиле, вонредно метео на Попоски, ова се деталите..

За време на овој викенд во Македонија ќе се задржат пролетните температури и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 20 степени.
Сепак ќе има повеќе облачност и ќе има појава на повремен локален дожд, а утре локално ќе биде и естабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.
Исто така утре на повеќе места ќе дува ЗАСИЛЕН, до СИЛЕН ветер од југозападен правец (локално со брзина до околу 80 км/час).
Од понеделник под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде низ Македонија, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка.
Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Снежната граница има услови да се спушти и до околу, па дури и под 1000 м.н.в, особено во западните и во северните предели.
Врнежите особено во понеделник попладне и навечер на МНОГУ МЕСТА ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).
Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат (дури за десет, а понекаде и за повеќе од десет степени) и максималните температури од понеделник па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени. Температурите кој се очекуваат од понеделник ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за почетокот на април месец.
По се изгледа дека во првата половина од месец април ќе имаме постудено време од вообичаеното и со почести врнежи од дожд и снег, што значи дека со зимата не е завршено.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови во нашата Република Македонија атмосферата значително ќе се дестабилизира. Ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места ќе условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Многу поголема нестабилност очекувам во северните, централните , источните и во југоисточните предели од нашата Македонија, па токму во овие предели локално очекувам појава и на бурно невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град. Токму поради ова на граѓаните ги советувам да обратат голема внимателност.
И во делови од Скопскиот регион, денес (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и со појава на грмежи. Можна е и појава на силно невреме.
Што се однесува до температурите тие повторно насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места тие ќе се искачат и до околу, па и над 35 степени, додека во Повардарието тие ќе достигнат до 40 степени. Меѓутоа, доцна попладне и навечер температурите ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да ни се спушта посвежа воздушна маса, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.
Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.
Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.
Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски
-
Кичево7 часа
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (26 јуни)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (27 јуни)
-
Македонија10 часа
Од ноќеска цената на дизелот драстично паѓа, еве колку ќе биде литар дизел гориво од полноќ
-
Македонија12 часа
Од 1 јули до крај на месец август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила
-
Македонија1 ден
Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката
-
Временска прогноза6 часа
Доаѓа дожд према нашиот регион, ова се последните метео вести
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 26 јуни