Следете не

Временска прогноза

Сончево и потопло за разлика од изминатите денови, ова е најновата метео анализа

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло за разлика од изминатите денови. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за Еспресо.мк

Според Попоски, до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, за време на викендот со појава на мала до умерена локална облачност.

До петок и тоа особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и во следните денови максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Временска прогноза

(ФОТО) Превој Стража под снег, моментална состојба

Објавено пред

на

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, денес и во четврток времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во четврток и тоа во јужните и во југоисточните предели каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.

На местата со надморска височина од 1200 метри па нагоре ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, додека на повисоките планини истата ќе се зголеми.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено утре.

Во Скопје исто така се очекуваат нови повремени врнежи од дожд.

Минималните температури ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради облачното и врнежливо време, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Потоа во петок и во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, додека во недела повторно ќе има повремени врнежи од дожд и тоа од локален карактер. Снег ќе врне само на високите планини а ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој ќе услови малку повисоки температури на воздухот, односно температурите во недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.

НАПОМЕНА: Денес и задутре поради ниските температури, снежната граница понекаде можно е да се спушти и под 1000 м.н.в, со што услови за врнежи од дожд и од снег или од мокар снег ќе има и во повисоките населени места, за порта пишува Славчо Попоски.

Фотографијата е од нашата екипа која моментално е на терен. Доколку движите преку овој превој и доколку продолжи снегот со овој интензитет задолжително имајте зимски пневматици и понесете зимска опрема, која патем е и задолжителна од 15 ноември.

Имајте безбедни патишта!

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре нов влажен бран кој носи снег и дожд, ова се последните метео вести

Објавено пред

на

Како што беше најавено од наша страна, првиот снег за оваа сезона се спушти и на помала надморска височина, поточно се спушти и под 1000 м.н.в, а слаб снег провеа понекаде и во градовите.

Нов влажен бран се очекува од среда кога ќе има нови врнежи од дожд и снег на планините над 1200 м.н.в и тоа особено во западните предели. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2).

На планинските места во западна Македонија снежната покривка ќе се зголеми. Температурите на воздухот нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, што значи дека и понатму истите остануваат релативно ниски.

Во Скопје и околината исто така од среда ќе има нови повремени врнежи од дожд – за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Утро со многу ниски температури, дожд и снег, еве каде..

Објавено пред

на

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, денес и тоа особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка и тоа на планините.

На повисоките места пак, ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 цм. Врнежи од снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во западните предели каде локално се очекува формирање на снежна покривка до 5 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели.

Потоа провејување на снег ќе има и утре рано наутро, додека потоа до вторник следува период на стабилно и суво време со МНОГУ НИСКИ утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен. Нов влажен бран очекуваме од среда, но детална анализа околу ова следува наскоро.

Во Скопскиот регион снег се очекува само на околните планини и локално во повисоките предели од котлината – за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Видео2 часа

Папагалот се налутил затоа што бадемите исчезнале од чинијата (ВИДЕО)

На малите деца им е познато дека имаат бес, но се чини дека понекогаш имаат и животните. Еден папагал полудел...

Магазин2 часа

Храна и наследство: француски багет на списокот на УНЕСКО

Веројатно нема многу работи кои се посуштински француски од багетите. Впрочем, во Франција секој ден се произведуваат околу 16 милиони...

Автомобили2 часа

Внимавајте на црниот мраз! Оваа појава е една од најголемите опасности на зимата

Во мртвата зима, заедно со студените рани утрински и ноќни часови, црниот мраз е една од скриените опасности на патот....

Магазин2 часа

iPhone наскоро би можел да добие корисна функција за зајакнување на безбедноста

Apple наскоро ќе ја објави 16.2 верзијата на својот оперативен систем iOS, која се очекува да вклучува нова безбедносна карактеристика....

Свет2 часа

Европската централна банка тврди дека биткоинот може да стане ирелевантен

Тие веруваат дека ова сценарио, во кое биткоинот губи поголем дел од својата вредност, ќе беше евидентно уште пред катастрофата...

Магазин2 часа

Neuralink најави тестирање на мозочни чипови на луѓе

Илон Маск најави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип, развиен од неговата компанија Neuralink, да започнат врз луѓе...

Магазин2 часа

Старата добра СМС-порака сè уште функционира: наполни 30 години

Во споредба со порастот на социјалните мрежи и апликациите за пораки како WhatsApp, Messenger и Telegram, се чини дека пораките...

На денешен ден15 часа

1 декември – На денешен ден

1455.- Починал италијанскиот скулптор, златар и сликар Лоренцо Гиберти, кој ја направил познатата врата во крстилницата на катедралата во Фиренца....

Хороскоп16 часа

Месечен Хороскоп (декември 2022)

ОВЕН Декември ќе биде доста турбилентен за родените во знакот Овен. Треба да се подготвите за големи случувања кои ќе...

Спорт17 часа

(ФОТО) Реализиран фестивал за девојчиња во четири градови под мотото „Ајде на фудбал“, со цел популаризација и развој на женскиот фудбал кај нас

ФФМ во соработка со општинските фудбалски сојузи во периодот од 21 до 25 ноември организираше фудбалски фестивал за девојчиња до...

НАЈЧИТАНИ