Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност, од ноќеска локална облачност ќе донесе услови за дожд. Следните денови стабилно и потопло

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во текот на ноќта локално ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој Долж Повардарието ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, попладне и навечер со умерена облачност. Во текот на ноќта ќе има позначителна облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 23 степени.
Во текот на следните денови, како и за време на празничниот продолжен викенд времето ќе биде претежно стабилно и се потопло и тоа под влијание на значително потопла воздушна маса од југ. Исклучок ќе биде среда кога во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува на некои места.
Температурите на воздухот особено од четврток ќе бидат во голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.
Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.
Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.
Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови

Во моментов, од север кон Македонија се спушта влажен фронтален бран кој со себе нови локални но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ова значи дека во следните часови најпрвин во северните, а потоа и во западните предели ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Уште од следните часови можна појава нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер можна е и во делови од Скопскиот регион.
Во текот на денов кај нас следува ново големо дестабилзирање на атмосферата. Многу повеќе детали токму оволу ова следуваат наскоро, утрово информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (26 јуни)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Lifestyle1 ден
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате
-
Lifestyle1 ден
Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови
-
Македонија9 часа
Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката
-
Автомобили1 ден
Како да ја надминете летната жештина од 37 степени во автомобил: Трикови што навистина функционираат
-
Хороскоп33 минути
Хороскоп за петок (27 јуни)
-
Македонија1 ден
Во Охрид вчера се случила сообраќајка помеѓу моторџија и велосипедист