Временска прогноза
Сончево време со локална облачност, утре и во петок дожд, додека викендот пред нас ќе имаме одлично време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 27 степени.
Утре и во петок ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд но со послаб интензитет. Особено во петок ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.
Стабилизирање и поголемо затоплување на времето ќе имаме за време на викендот.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
Временска прогноза
Викендов ќе имаме сончево и пријатно време

Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени, информира Славчо Попоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (6 мај)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за среда (7 мај)
-
Култура2 дена
Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања
-
Автомобили2 дена
(ВИДЕО) „Ферари Ф50“ оваа година слави 30 години од производство на еден од најзначајните суперавтомобили
-
Македонија24 часа
Прилеп: Седумгодишно дете случајно стартувало автомобил и ја повредил сестричката
-
Македонија1 ден
На Табановце уапсен грк, во возилото пронајдена марихуана
-
Спорт20 часа
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими
-
Гејминг4 часа
(ВИДЕО) Излезе новиот трејлер на популарната и долгоочекувана „GTA VI“