Кичево
Кичевската сообраќајна полиција санкционираше 5 возачи кои возеле со поголема брзина во населено место во засилената сообраќајна контрола

Вчера на ден 26.11.2021 година – петок на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници затекнале и санкционирале 17 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место се движеле со брзина поголема од дозволената (Охрид-02, Струга-07, Кичево-05, Дебар-03).
Санкционирани се 12 возачи на моторни возила поради извршено престигнување на непрегледни и на места каде престигнувањето е забрането (Охрид-11, Дебар-01) а во Струга, со специјално возило „пајак“, подигнати се четири моторни возила кои биле непрописно оставени или паркирани на коловоз.
Извор: СВР Охрид
Портпарол: Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
Кичево
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.
– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.
Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.
Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.
– Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (26 јуни)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (27 јуни)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Македонија58 минути
Од ноќеска цената на дизелот драстично паѓа, еве колку ќе биде литар дизел гориво од полноќ
-
Македонија22 часа
Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката
-
Македонија3 часа
Од 1 јули до крај на месец август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила
-
Lifestyle2 дена
Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 26 јуни