Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
Македонија
Лишен од слобода косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

На 15.05.2025 околу 04.10 часот на автопатот Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при БЈБ запреле и извршиле контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција – Бугарија – Македонија – Косово. При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација.
Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.
Македонија
(ВИДЕО) МВР со апел за матурантите, на матурска прослава без автомобил!

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“
Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди.
Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот.
Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.
Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, истакна МВР во интегралното соопштение за јавноста.
Македонија
Дизелот од ноќеска поскапува, ова е новата цена

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, истакна РКЕ.
-
Кичево10 часа
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (16 мај)
-
Кичево1 ден
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) МВР со апел за матурантите, на матурска прослава без автомобил!
-
Македонија1 ден
Дизелот од ноќеска поскапува, ова е новата цена
-
Скопје1 ден
МВР со детали во врска со информацијата за поставена бомба во салата Јане Сандански
-
Временска прогноза12 часа
Дожд на секаде во Македонија, ова се последните метео информации
-
Скопје5 часа
(ФОТО) Претрес во Скопје поради компјутерски фалсификат, неовластено навлегување во компјутерски систем