Македонија
Состојба со пожарите до 08 часот утрово

ЦУК: Состојба со активни пожари до 8 часот на ден 9.8.2021
Штипски регион
Пожарите кои беа на две локаии с.Трботивиште-Нов Истевник м.в.Света Вода и с.Разловци, општина Делчево се во потполна контрола и нема никаква опасност од нивно ширење. Екипи кои набљудуваат кои се на местата на пожарот кога ќе се појави некое жариште во изгорениот дел веднаш реагираат од евентуално проширување.
Во текот на вчерашниот ден интервенирале кај Разловци: ТППЕ Делчево со 10 пожарникари, ШС Делчево со 5 вработени, АРСМ со 29 припадници , МВР со 40 припадници, Гранична полиција со цистерна, ЈКП Делчево со цистерна и 2ПП екипи од Р. Бугарија.
Кај Нов Истевник ШС Делчево со 4 вработени и МВР со 14 припадници. За ден 09.08.2021 година договорено е во гаснењето на пожарот да интервенираат: 1 вработен од РЦУК Делчево, 10 лица со 2 теренски возила од ПС Голак од Делчево, 10 пожарникари со 2 цистерни и 1 теренско возило од ТППЕ Делчево, 5 полициско службеници со 3 теренски возила и 1 камион штаер со цистерна за вода ос 3 тони од РЦ Исток, 6 полициски службеници со 3 возила од МВР ОВР Делчево, 7 лица со 2 теренски возила со 1 тон вода од ЈКП Брегалница, 40 војници од АРСМ, ОО Црвен Крст Делчево и волонтери од месното население со трактори и цистерни за вода, рачен алат за гаснење, а по потреба ќе бидат ангажирани и други сили.
Во општина Берово суште е активен пожарот на потегот Будинарци-Митрашинци каде што гори борова шума. Екипите што беа на терен се повлекуваат за да во раните утрински часови повторно ќе излезаат на терен. Ќе останаат набљудувачи што ќе ја следаат состојбата, а доколку има потреба да се мобилизираат останатите екипи. Загрозени села од пожарот во моменот нема. Во текот на вчерашниот ден интервенирале: АРСМ 22 припадници, ПП Австрија 60 припадници, ПП Словенија 45 припадници,Месно население 15 и Останати субјекти околу 60 лица.
Според известувањето од ТППЕ Штип, во 12:00 часот добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево и с.Селце во општина Штип каде гори сува трева, смрека и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ШС Серта од Штип и 4 пожарникари со 1 ПП возило. Пожарот е сеуште активен, а со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.
Скопски регион
Пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата, гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот е отидена екипа од БППЗ на Град Скопје. Остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Гори мешана шума, смрека, висока трева, и доколку го смени правецот луѓето ќе бидат во опасност. (општина Сарај).
Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен се со 1 возило и 5 пожарникари, а екипата од ШС Караџица целосно е повлечена. (општина Петровец).
Битолски регион
Во текот на вчерашниот ден повторно е реактивиран пожарот кај с.Топлица, општина Прилеп, покрај магистралниот пат Прилеп-Градско. Според последните информации реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец. Гори дабова и букова шума и сува трева. Во текот на вчерашниот ден во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ-Прилеп со 1ПП возило и 3 пожарникари и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп. Во интервенцијата учествуваат и припадници на АРМ. На локацијата на пожарот делувано е и од воздух (1 налет на канадер), но пожарот е сеуште активен. Утрово во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 Пп возило и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп.
Кумановски регион
Од ноќеска повторно е активен пожарот во атарот во с. Дренк ( на тромеѓа помеѓу с.Дренк -Жељубино- Аљинце). Екипата на ТППЕ со 1 теренско возило и 5 пожарникари интервенира од 20,30 часот со напртњачи, во интервенцијата учествуваат и 2 мештани. Екипата е сеуште на терен и работат на негово гаснење.
Македонија
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.
ЦУК предмалку го истакна следново:
Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
АКТИВНИ: 8
1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);
2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);
3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);
4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).
5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )
6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)
7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)
8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)
Македонија
Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
-
Кичево15 часа
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Кичево2 дена
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (8 јули)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Македонија2 дена
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Lifestyle23 часа
Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена
-
Македонија2 дена
Цената на бензините се намалува, додека на дизелот се покачува