Македонија
SpaceX Starlink Интернетот сега е достапен и во Македонија
SpaceX брзо ја проширува покриеноста на широкопојасната мрежа Starlink на глобално ниво. Денес, 16 јуни, компанијата објави „Starlink сега е достапен во Македонија! Возбудени за понатамошен пристап до широкопојасен интернет со голема брзина и мала латентност на Балканот“, напишаа тие преку Twitter.
Starlink is now live in North Macedonia! Excited to further access to high-speed, low-latency broadband internet in the Balkans → https://t.co/5suNxFMwGH
— SpaceX (@SpaceX) June 16, 2022
Услугата Starlink е активна во 48 сојузни држави на САД. Starlink е исто така достапен во 36 земји, вклучувајќи делови од: Канада, Обединетото Кралство, Германија, Нов Зеланд, Австралија, Австрија, Холандија, Белгија, Ирска, Данска, Чиле, Португалија, Швајцарија, Полска, Италија, Чешка, Шведска, Мексико, Хрватска, Литванија, Шпанија, Словачка, Словенија, Бразил, Бугарија, Романија, Грција, Луксембург, Латвија, Тонга, Унгарија и Украина. SpaceX планира да ја прошири услугата во Африка, Азија и Блискиот Исток во 2023 година. Компанијата веќе има над 500.000 претплатници на Starlink на глобално ниво кои добиваат интернет од околу 2.600 сателити во ниската Земја орбита. SpaceX планира да лансира над 12.000 што планира да ги лансира во следните пет години.
Македонија
„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во цела Македонија. Ова е шеста година по ред каде што оваа организација ќе ги израдува најмалите и најмилите, а идејата зад целата акција е да се посетат оние на кои позитивната енергија им е најпотребна, а таа енергија не радува буквално сите и стари и млади.
До сега оваа акција има подарено над 15,000 подароци во изминативе години, а се приклучиле над 2000 индивидиални донатори, фирми и медиуми, како и над 1000 активисти- волонтери кои со свој придонес донесоа радост кај најмалите низ целата држава.
Настаните на ова движење можете да го погледнете на агендата на ПЗСД за 2026та, каде што можете со ваша донација на пакетче да се придружи секој. За донации од странство контактирајте ги на фејбук страницата „Пакетчиња За Сите Дечиња“ – ТУКА
Очекуваме многу позитива, шириње на новогодишната магија и нормално илјадници пакетчиња како и секоја година.
Инаку, порта.мк е дел од оваа структура и партнер на оваа организација од самиот почеток, така што продолжуваме и понатаму
Ова е комплетната агенда:

„Пакетчиња за Сите Дечиња“ 6, Од Народ За Народ.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија
АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината според поставената патна сигнализација и условите на патот, со цел безбедно патување.
Имајте пријатен ден.
Македонија
Живот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
Во текот на вчерашната ноќ во село Воѓани, општина Кривогаштани се случил немил настан, пламените јазици ја опожарија до темел куќата на Јане Благадушоски, домаќин човек со добра душа. Преку нашиот медиум упатуваме апел до сите кои можат да помогнат финансиски оваа куќа да се возобнови за да може Јане да продолжи безгрижно да живее.
Т-ска сметка: 270700006540756
Банка: Халк Банка
Име и презиме: Јане Благадушоски
с.Воѓани / ул. Најдо Најдоски бр. 149
Да бидеме хумани, затоа што животот е непредвидлив, може секого да го доведе до искушение.
Со почит до сите.
Број за контакт: 079/266-512 – Бојан Благадушоски
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево20 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура1 денНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија15 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп12 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин23 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
