Македонија
SpaceX Starlink Интернетот сега е достапен и во Македонија

SpaceX брзо ја проширува покриеноста на широкопојасната мрежа Starlink на глобално ниво. Денес, 16 јуни, компанијата објави „Starlink сега е достапен во Македонија! Возбудени за понатамошен пристап до широкопојасен интернет со голема брзина и мала латентност на Балканот“, напишаа тие преку Twitter.
Starlink is now live in North Macedonia! Excited to further access to high-speed, low-latency broadband internet in the Balkans → https://t.co/5suNxFMwGH
— SpaceX (@SpaceX) June 16, 2022
Услугата Starlink е активна во 48 сојузни држави на САД. Starlink е исто така достапен во 36 земји, вклучувајќи делови од: Канада, Обединетото Кралство, Германија, Нов Зеланд, Австралија, Австрија, Холандија, Белгија, Ирска, Данска, Чиле, Португалија, Швајцарија, Полска, Италија, Чешка, Шведска, Мексико, Хрватска, Литванија, Шпанија, Словачка, Словенија, Бразил, Бугарија, Романија, Грција, Луксембург, Латвија, Тонга, Унгарија и Украина. SpaceX планира да ја прошири услугата во Африка, Азија и Блискиот Исток во 2023 година. Компанијата веќе има над 500.000 претплатници на Starlink на глобално ниво кои добиваат интернет од околу 2.600 сателити во ниската Земја орбита. SpaceX планира да лансира над 12.000 што планира да ги лансира во следните пет години.
Македонија
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места

На 01.07.2022 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнаа и санкционираа 27 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на недозволени и непрегледни места (Охрид-10, Струга-9, Кичево-5, Дебар-3).
Македонија
Од ноќеска нова цена на дизелот, бензините не се променуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,305 ден/кг.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.06.2022 година и со тоа година малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 104,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 103,00 ден/лит.
Македонија
Телефони во раце народе, да спасиме самохрана мајка која се бори со тешка болест

Почитуван хуман народе, имаме уште една самохрана мајка која чека на нашата помош.
Се работи за Невена Лозановска од Битола самохрана мајка на една ќерка. Животот нè носи врз секакви предизвици, едноставно не знаеме од ден за ден која болест може да натежни.
Затоа итно се потребни финансиски средства со висина од 77,000€ за трансплатација на црн дроб во Турција. За тој операционен зафат семејството неможе да ја достигне таа сума на пари.
Докажавме многу пати дека сложно и здружено можеме, да го направиме тоа за Невена повторно да му се радува на животот!
Донации преку Телеком со јавување на бројот: 143134
Донации на жиро сметка: 300061000001551
Апелираме до сите институции, надлежни, фирми, хуманитарци кои можат со најразлични начини да помогнат во процесот на собирање финансии да ни се приклучат.
– Невена по својата мајка е по потекло од Кичево, своевремено поголемиот дел од својот живот го има поминато помеѓу фамилијата во нашиот град.
Да помогнеме!
-
Кичево1 ден
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево12 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево10 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп2 часа
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места