Следете не

Спорт

Спировски: Тимот го победува најтешкиот и најсилниот противник. Верувам дека сме на правиот пат.

Објавено пред

на

Македонскиот репрезентативен фудбал по завршувањето на Европското првенство 2020. отвора нова страница во својата историја. Под водство на новиот селектор Благоја Милевски, селекцијата ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство. Нашиот најдобар национален тим ќе се обиде во овие квалификации да остане конкурентен за второто место до самиот крај.

Стефан Спировски, еден од фудбалерите во македонскиот национален тим кој остави силен впечаток на септемвриските натпревари против Ерменија, Исланд и Романија зборува за првичните впечатоци од соработката со новиот селектор и стручниот штаб, како и за важноста, тимот да биде над сѐ.

– Впечатоците од нашата соработка со новиот селектор Благоја Милевски и стручниот штаб се повеќе од позитивни. Иако времето за подготовките пред септемвриските натпревари беше релативно кратко, имам само пофални зборови за почетокот на нашата соработка. Прв пат сме заедно, но веднаш се забележува неговата принципиелност во работата, како тренер, но и како човек, а тоа го потврдуваат и моите колеги кои веќе работеле со него. Мислам дека како тим ќе соработуваме добро во иднина.

Фудбалерот од средниот ред кој започнува нова клупска авантура во украински Мариупол вели дека за фудбалерите е многу значајно што селекторот воспоставува непосредна и блиска комуникација.

Навистина е значајно за мене, а верувам и за сите други, тоа што е отворен за сите во тимот. Доколку било кој од фудбалерите му се обрати за одредена ситуација, селекторот ќе биде тука за нас. Да нѐ ислуша и разговара. Да посочи на грешка или да искаже пофалба за одредена работа. На последните три натпревари покажавме како треба да се игра за националниот дрес. Можеби резултатски не ги оправдавме очекувањата на публиката, но ние знаеме дека сме на вистинскиот правец. Убедени сме дека резултатите ќе дојдат доколку продолжиме да работиме на овој начин.

Спировски истакнува дека подготовката за натпреварите е она што посебно ги прави задоволни фудбалерите во репрезентацијата, а се однесува на тактичката анализа за натпреварите, инструкциите кои ги добива секој фудбалер посебно и анализа на противникот до најситните детали.

–  Подготовката за натпреварите е различна. Ние знаеме дека секој тренер има свој методи на работа. Овој селектор и неговите соработници ни ги доловуваат и најситните детали. Се внимава и посветува внимание на секој сегмент од играта, од недостатоците и слабите страни на противникот, па сѐ до нашата поставеност. Секој од нас знае што треба да прави на било кој дел од теренот.

На крајот, Спировски нагласува дека единствено доколку тимот биде над сѐ имаме шанса да играме на ново големо натпреварување. Вели дека сме на вистинскиот правец.

–  Како тим имаме свои цели. Пак, ќе кажам, иако резултатски можеби не ги оправдавме очекувањата на македонските навивачи, сметам дека сме на вистински правец повторно да направиме нешто големо и Македонија да игра на големо натпреварување. Но, секако треба да сфатиме дека тимот е тој што го победува и најтешкиот и најсилниот противник. Ако сите се ставиме во функција на тимот и дишеме како едно тогаш сме на правиот пат. 

Спорт

Moto GP: Среќен крај и завршница на пиедесталот за Фабио Квартараро

Објавено пред

на

Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро денеска ја освои титулата во Мото ГП.

Денешната трка за Големата награда на Емилија Ромања ја заврши на четвртото место, но благодарение на заминувањето од патеката на единствената конкурентка за титулата на Франческа Бањаја, Квартараро стигна до првата титула во Мото ГП во кариерата.

На четири круга до крајот Бањаја излета од патеката како првопласирана и со тоа ги загуби шансите да ја освои титулата светски шампион во следните две трки.

Победник на трката на крајот беше возачот на Хонда, Марк Маркез, Пол Еспаргаро беше втор додека Енеа Бастијанини се најде на третото место во последниот круг.

ФОТО: ANDREAS SOLARO / AFP / Profimedia

Извор: Српски Nedeljnik

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВО ЖИВО) Репрезентативките до 19 години во поход против Белорусија

Објавено пред

на

Девојките до 19 години денес во 18.00 часот одат по нова победа против домаќинот на квалификацискиот турнир Белорусија

🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Гледајте во живо 👇

Прочитај повеќе...

Спорт

Да ја бодриме нашата репрезентација против Исланд, ова се цените на билетите

Објавено пред

на

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука за утврдување на цените на влезниците за домашните натпревари на македонската А репрезентација, репрезентацијата до 21 година и женската А репрезентација.

А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД

Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 14. ноември 2021.,18:00 часот

Влезници по цена од 150 и 300 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;

Репрезентација до 21 година: МАКЕДОНИЈА – ФРАНЦИЈА

Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 16. ноември 2021.,18:30 часот

Влезници по цена од 100,150 и 200 денари за јужна и северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets;
Женска А репрезентација: МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ

Охрид, стадион „Билјанини Извори“, 26. октомври 2021., 13:30 часот

Влезници по цена од 100 денари на билетарата на стадионот „Билијанини Извори“;

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата на Република С. Македонија утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.

  • У.О. на ФФМ донесе одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција;
  • У.О. на ФФМ донесе одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров;
  • У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето;
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 6 минути

Денес 227 нови случаи на Ковид, додека 15 починале. Билансот по градови и активни случаи е следен..

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.595 тестирањe,...

СпортПред 3 часа

Moto GP: Среќен крај и завршница на пиедесталот за Фабио Квартараро

Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро денеска ја освои титулата во Мото ГП. Денешната трка за Големата награда на Емилија Ромања ја...

СкопјеПред 7 часа

Скопјанец лишен од слобода, превезувал мигранти према Гевгелија

На 23.10.2010 19.00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица“, полициски сужбеници од Полициската станица...

МакедонијаПред 7 часа

Прилепчанец фатен жив додека обивал автомобил

На 23.10.2021 во 21.30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38)...

На денешен денПред 12 часа

На денешен ден: 24 октомври

1360.- Англискиот крал Едвард III од Франција и францускиот крал Жан II Бон потпишаа договор во Кале за завршување на...

ХороскопПред 20 часа

Хороскоп за денес (24 октомври) недела

ОВЕН Максимално сте посветени на обврските и работата, одговорни сте и важно ви е да решите некои проблеми. Доколку имате...

ГејмингПред 23 часа

Grand Theft Auto: „The Trilogy – Definitive Edition“ пристигнува во ноември, ова се перформансите кои ќе се потребни на вашиот компјутер

Поминаа неколку недели откако Rockstar официјално го објави Grand Theft Auto: The Trilogy – Definitive Edition. Сега студиото повторно се...

СпортПред 1 ден

(ВО ЖИВО) Репрезентативките до 19 години во поход против Белорусија

Девојките до 19 години денес во 18.00 часот одат по нова победа против домаќинот на квалификацискиот турнир Белорусија 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Гледајте...

БалканПред 1 ден

Состојбата со Ковид-19 на балканот

Во Хрватска, се забележани 3.585 нови случаи на вирусот Корона, а 25 лица починале, објави во саботата на националната цивилна...

Временска прогнозаПред 1 ден

Детали за временската прогноза, ќе биде уште по студено

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од...

НАЈЧИТАНИ