Временска прогноза
Според „Европскиот“ и „Глобалниот“ метео модел најверојатно зимата доаѓа во почетокот на месец ноември, ова се информациите

Според прогностичките материјали од двата најажурни модели, и тоа Европскиот (ECMWF) и Глобалниот (GFS) се согласуваат околу раното доаѓање на зимата на Балканот, вели Славчо Попоски. Имено тој додава дека кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец се посигурна е голема промена на времето ширум Балканот, како и спуштање на Поларниот вртлог кој ќе донесе многу ниски температури за овој период од годината, па дури и снег како на повисоките места и на планините, така и понекаде во градовите.
Не се исклучува можноста кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец на многу места низ Балканот да има вистинска снежна идила.
Да не заборавиме, сето тоа е поради се поголемото влијаение на Ла Ниња, која носи многу постудено време, повеќе врнежи од дожд и снег. До крајот на оваа година Ла Ниња ќе го достигне својот максимум, па така претстојната зима сите ние очекуваме да го оправда своето име и да биде многу постудена и поснежна, поради тоа што претстојната зима како што и претходно кажав, ќе биде Ла Ниња зима, известува Попоски.
Временска прогноза
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.
Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
– Денес (вторник 29 јули) повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град ќе биде во текот на утрешната ноќ (среда кон четврток 30/31 јули) како и во четврток (31 јули) во текот на денот.
Локално ќе има пообилни врнежи па така локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.
И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со повремен локален дожд, услови за појава на грмежи како и со повремено засилен ветер од северен правец. Поголеми услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме ќе има во четврток (31 јули).
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, додека максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.
– Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења во следниот период, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат слоите автомобили, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување

Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега.
Од понеделник (28 јули) на многу места низ нашата Македонија температурите ќе бидат под 30 степени, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над 30 степени, што значи дека ќе имаме многу пријатно време, односно посвежо време.
Уште посвежо пак ќе биде во ноќните и во утринските часови кога минималните температури во нашата Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени во Повардарието, односно во најтоплите предели од Македонија.
Исто така, следната седмица локално и повремено ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, а не се исклучува можноста и за локална појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град, информира Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (4 август)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта
-
Македонија1 ден
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (5 август)
-
Македонија1 ден
Кичево, 122 година од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година, симбол на храброст и пожртвуваност
-
Спорт1 ден
Србија официјално остана без „АТП“ турнирот
-
Македонија22 часа
ЦУК: До моментот поради невремето, не се пријавени материјални штети или повредени лица