Временска прогноза
Според најновите метео прогнози за Нова година ќе имаме натпросечни пролетни температури

До среда времето во Македонија ќе се задржи претежно облачно со слаб ветер од променлив правец. Во среда исто така ќе има услови за повремен локален дожд со послаб интензитет. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Истите ќе условат топење на снежната покривка на планинските места. Повеќе сончеви периоди ќе има од четврток, за Еспресо.мк вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Исто така во неговите прогнози често се споменува новогодишниот ден како и ноќта, каде прогнозира натпросечни пролетни и високи температури на воздухот.
Временска прогноза
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи

Попладнево сеуште под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка е МНОГУ ТОПЛО и СПАРНО. Сепак Атмосферата полека се се дестабилизира и локално и тоа особено во западните и северните предели има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На следната карта можете да ги погледнете измерените температури низ Македонија во текот на денешното попладне
До крајот на денов и вечерва и тоа поради продор на студен фронт од север, во Македонија времето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на силен ветер, избегнувајте вашите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.
И во Скопската котлина до крајот на денов и вечрва ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град.
Утре и во четврток температурите ќе опаднат за 5 до 6 степени во споредба со оние кои ги имаме сега, додека од петок па за време на викендот следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во Македонија.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално и тоа особено во западните и во северните предели ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа утре и во четврток под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за 5 до 6 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а ќе има појава и на повремен локален пороен дожд проследен со појава на грмежи.
Нов значителен пораст на температурите на воздухот ќе има од петок па за време на викендот, и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава.
Напомена: Наглите промени на времето кој следуваат деновиве, особено во поглед на температурите, негативно ќе влијаат врз здравјето на граѓаните, односно овие денови особено кај метеопатите можна е појава на нервоза, болки во коските и на местата од стариете рани, како и повремена нервоза, но и несоница. Доколку граѓаните овие денови почувствуваат значителни здравствени проблеми, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар за совет.
Временска прогноза
На повидок топлотен бран, ова се најновите метео вести

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Попладне и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално е можна и појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека попладне во делови од котлината можна е сосема ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.
Според Попоски, утре и во вторник ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Пад на температурите на воздухот, засилен северен ветер и локална појава на нестабилност се очекува во среда, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север.
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (16 мај) – понеделник
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за вторник (17 мај)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на бензините, ова е цената која ќе стапи на сила од полноќ
-
Кичево1 ден
Отворени работни позиции во водечкиот Интернет & TV оператор „Cable Call“ по одлични работни услови
-
Македонија10 часа
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
-
Временска прогноза4 часа
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи
-
Lifestyle1 ден
Се случи првото целосно затемнување на Месечината оваа година
-
Временска прогноза14 часа
Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..