Временска прогноза
Србија е под снег, додека кај нас од вечерва повторно невоовичаени ниски температури

Од вечерва, па во следните денови во Македонија, и тоа особено во западните предели ќе има повремени врнежи со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет. Врнежите ќе бидат од дожд во градовите, додека снег ќе врне на повисоките места и на планините.
НАПОМЕНА: Снежната граница особено на запад локално ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што појава на лапавица понекаде ќе има и во градовите. Ќе продолжи да дува северниот ветер и ќе биде НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината.
Особено студено ќе биде навечер и наутро, кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до, па и под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени. На високите планински места и тоа особено на северозапад температурите ќе се спуштат дури и под -5 степени.
Максималните температури ќе бележат тенденција на мал пораст, но и понатаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
Во Скопје исто така ќе има услови за повремени послаби врнежи од дожд, а на околните повисоки места и на планините ќе провејува снег. Ќе продолжи да дува северниот ветер. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 2 степени, додека максимални дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 13 степени.
Инаку целиот регион е зафатен од невообичаено студениот бран од север. Во соседна Србија има и снежна покривка на повеќе места. Снег падна и во главниот град на оваа држава, Белград. Во Хрватска беснееше и Орканска бура со брзина на ветер и до 110 км/час, понекаде и повеќе.
За време на изминатиот голем влажен бран од Медитеранот кој ја зафати нашата држава, на многу места донесе значително количество на воден талог (над 30 л/м2, а најмногу дожд наврна во Демир Капија и тоа 50 литри). На планините и повисоките места дојде до формирање на нова снежна покривка, што значи дека Скијачките центри се повторно под снег.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде претежно стабилно и суво, а само утре (среда 17 септември) ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб локален дожд.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.
Што се донесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, а на повисоките места и на планините тие ќе бидат пониски со што ќе има услови дури и за појава на слаб мраз и на слана.
Максималните дневни температури исто така ќе бидат значително пониски и ќе биде посвежо и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околи 8/9 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 23/24 степени.
Временска прогноза
По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под 10 степени, а во делови од нашата Македонија, особено на повисоките и на планиснките места температурата ќе се спушти и под 5 степени, или близу 0 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, а повремено во југоисточните предели таа ќе се искачува до околу 30 степени. Во Скопје температурата наутро во текот на оваа седмица ќе се спушти до околу 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 30 степени.
Утре и задутре (вторник и среда 16/17 септември) ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час. Наутро и тоа како ќе ни биде потребна потоплата облека поради очекуваните многу пониски минимални утрински температури на воздухот, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите денес понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.
Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.
Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Македонија2 дена
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Музика1 ден
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Свет2 дена
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
-
Македонија2 дена
„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила
-
Временска прогноза1 ден
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд