Магазин
СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА !!!

Почитувани верни читатели. Веќе 8 години сме секој ден заедно со вас, ваш верен урбан информатор. Успешната 2024 ја испраќаме со многу позитивности, многу хумани дела, настани, совети, занимливости, авторски текстови. Се надеваме дека и во новата 2025 ќе го потврдиме епитетот и признанието за добиената награда број 1 електронски медиум во областа на информации и вести, добиена на реномираниот регионален натпревар „Сајт на годината“ реализиран пред две години.
Нека Новата година Ви ја осветли душата, ја исполни со најубави чувства и нека Бог Ви подари сѐ што немате, а сочувате се што сакате.
Среќна Нова Година, на сите читатели, наши партнери и соработници, бидете живи и здрави, бериќетна да е!
Порта.мк
Магазин
Најбрз домашен сладолед со само една состојка

Верувале или не, за овој вкусен и кремаст сладолед потребна ви е само една состојка – банана. Ова е одличен избор за оние што сакаат нешто освежително, без додаден шеќер, глутен или вештачки состојки.
Основен рецепт
Состојки:
-
2 зрели банани
Подготовка:
-
Излупете ги бананите и исечете ги на тркалца.
-
Ставете ги во сад или кеса за замрзнување и оставете ги во замрзнувач најмалку 2 часа.
-
Кога ќе се замрзнат, ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса со текстура на сладолед.
-
Послужете веднаш или вратете го сладоледот во замрзнувач уште половина до еден час за поцврста конзистенција.
Идеи за вкусови:
Доколку сакате да експериментирате, додадете некои од овие состојки во блендерот за да добиете различни варијации:
-
Кикирики вкус: 3 лажици путер од кикирики + 2 лажички мед
-
Чоко-лешник вкус: 3–4 лажици намаз од чоколадо и лешник
-
Јагодова свежина: Неколку замрзнати јагоди + 2 лажици слатка павлака (вратете го во замрзнувач за да се стегне)
-
Класично чоколадо: 3 лажици какао + 2 лажици павлака + 1 лажичка екстракт од ванила (оставете повторно да се стегне)
Овој рецепт е совршен за топли денови, кога сакате нешто брзо, здраво и домашно!
Магазин
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!

Ако барате нешто брзо, лесно и освежително за време на горештините, овој мус од малина во чаша е совршен избор. Не ви треба рерна, само неколку минути и малку фантазија за сервирање.
Потребни состојки:
-
150 г свежи или одмрзнати малини
-
40 г пастеризирани белки од јајца
Подготовка:
-
Подготовка на овошјето:
Ако користите замрзнати малини, оставете ги целосно да се одмрзнат и отстранете го вишокот течност. Потоа изблендирајте ги во мазна смеса. Доколку сакате помека текстура, процедете ги низ сито за да ги отстраните семките. -
Матење белки:
Во посебен сад изматете ги белките додека не добиете цврст снег. -
Комбинирање:
Полека соединете ги двете смеси, мешајќи со шпатула и нежни движења за да го задржите волуменот.
Послужете во чаши, а по желба декорирајте со свежо овошје, нане или малку рендана чоколада.
Извор: SD
Хороскоп
Хороскоп за вторник (24 јуни)

ОВЕН
Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста која ви се допаѓа. Ако сте во врска, задоволни сте. Избегнувајте цигари.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C
-
Автомобили3 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Магазин3 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин3 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!