Временска прогноза
Стабилизација на времето до четврток, ова се најновите метео детали

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.
Потоа утре ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, додека нови врнежи од дожд на повеќе места ќе има во четврток кога локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Повторна стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота, додека во недела попладне повторно ќе има локално зголемување на облачноста и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. Во текот на следните денови исто така ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет.
Што се однесува до температурите, тие од утре па натаму ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека од петок во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 25 степени.
И во Скопскиот регион утре ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност, додека нови повремени врнежи од дожд ќе има во четврток, кога ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, услови за појава на грмежи и засилување на ветерот. Во петок и во сабота ќе биде претежно стабилно, додека во недела попладне повторно има помали услови за слаби локални врнежи од дожд. Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 22 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.
Потоа во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено високи за овој период од годината и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни темперратури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека пад на истите се очекува од недела.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите

Доцна попладнево и вечерва и тоа особено во источната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа во следните денови во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните и вечерните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината , и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и на многу места истите ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата нема да биде стабилна, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи температури.
Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Мал пад на истите ќе има во понеделник, но потоа температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава во текот на следната недела температурите се очекува да надминат 35 степени.
Автор: Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп2 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Временска прогноза16 часа
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Магазин1 ден
Подгответе се за визуелни промени на Instagram: Компанијата создаде свој фонт
-
Магазин1 ден
Motorola планира камера од 200 мегапиксели за својот нов водечки телефон
-
Магазин1 ден
Кратка историја на вртоглавиот технолошки напредок
-
Свет1 ден
КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Њујорк ги отстрани познатите телефонски говорници
-
На денешен ден2 дена
24 мај – На денешен ден