Спорт
Станиќ ги истакна избраниците на Македонија до 21 година против Белорусија и Азербејџан во Анталија

Спорт
Да ја бодриме Македонија! Од денес на продажба тикети за мечот Македонија – Белгија закажан за петок

Од денес со почеток во 18:30 часот, започнува продажбата на билети за натпреварот помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се одигра на 6 јуни во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, како дел од квалификациите за Светското првенство 2026.
Билетите, како што известуваат од ФФМ ќе бидат достапни по цени од 300, 400 и 500 денари, а сите фанови и поддржувачи на македонската репрезентација можат да ги набават преку интернет платформата:
Процедурата за купување е едноставна:
- Посетете ја веб-страницата https://eticket.ffm.mk/
- Изберете го натпреварот
- Одберете го вашето место
- Направете уплата
- Преземете го дигиталниот билет
Ајде за Македонија! Повик до сите љубители на фудбалот да присуствуваат со спортски дух и коректно навивање да ја поддржат нашата репрезентација во борбата за позитивен резултат против една од најсилните селекции во светот.
Напред МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰
Спорт
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено со Косово во гости

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра натпревар без голови против Косово, на првиот контролен меч меѓу овие две селекции, кој се одигра на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина.
Мечот беше борбен и неизвесен до самиот крај, со многу трчање и тактички дуели на теренот. Обете екипи имаа свои шанси, но не успеаја да ги реализираат.
Најблиску до погодок беше Димитар Трајков во 36. минута, но неговиот удар со глава заврши над голот. Пред крајот на првото полувреме, Меметриза Хамза се обиде со удар од далечина, но домашниот голман сигурно интервенираше.
Во второто полувреме, Трајков повторно се најде во добра позиција во 62. минута, но не успеа да погоди. Адриан Зенделовски во 80. минута имаше своја шанса, но ударот му беше блокиран. Неколку минути подоцна, Анес Мелиќи се закани со удар со глава, но беше непрецизен.
За Македонија настапија: Васко Василев, Ѓорге Џеков, Матеј Ангелов, Адриан Зенделовски (Никола Манојлов), Мартин Ѓоргиевски, Димитар Трајков (Матеј Гаштаров), Давид Даилоски, Нуман Ајетовиќ, Меметриза Хамза (Кире Стојанов), Димитар Данев, Анес Мелиќи
Селектор: Горан Станиќ
Спорт
Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери за квалификациските мечеви против Белгија и Казахстан

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на квалификациските натпревари за Светското првенство против Белгија на 6 јуни во Скопје и против Казахстан на 9 јуни во Астана. На списокот има само еден нов играч – Стефан Деспотовски од ОФК Београд, кој ќе дебитира за националниот тим.
Поради повреди, натпреварите ќе ги пропуштат Дарко Велковски, Никола Серафимов и Лирим Ќамили.
ГОЛМАНИ
Столе Димитриевски
Дејан Илиев
Дамјан Шишковски
Игор Алексовски
ОДБРАНА
Јован Манев
Стефан Деспотовски
Ѓоко Зајков
Езѓан Алиоски
Андреј Стојчевски
Стефан Ашковски
Бојан Димоски
Висар Муслиу
Бојан Илиевски
СРЕДЕН РЕД
Агон Елези
Енис Барди (капитен)
Елиф Елмас
Тихомир Костадинов
Исник Алими
Лука Станковски
Јани Атанасов
НАПАД
Александар Трајковски
Димитар Митровски
Бојан Миовски
Дарко Чурлинов
Кристијан Трапановски
Милан Ристовски
Давид Тошевски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (28 мај)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (29 мај)
-
Кичево6 часа
Во сабота на Китино Кале, „Биди нејзиниот глас“, настан наменет за превенција на домашното насилство и зајакнување на жените во организација на „Саншајн Кидс“
-
Временска прогноза2 дена
Доаѓа прилив на Африкански бран кој ги носи посакуваните летни температури
-
Кичево6 часа
Кичевчани денеска по четврт пат ќе протестираат пред општинската зграда поради градската депонија, бараат решавање на долгогодишниот проблем
-
Македонија1 ден
Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“
-
Спорт1 ден
Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери за квалификациските мечеви против Белгија и Казахстан
-
Македонија1 ден
На старица од Прилеп и украле златно ланче, експресно биле фатени од Полицијата