Спорт
Столе Димитриевски: „Направив грешка за првиот гол, а потоа ни се случи психолошки пад, но на добар пат сме, утре одиме на повисоко ниво“
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Столе Димитриевски на официјалната прес-конференција на Националната арена „Тодор Проески“ ги споделија своите размислувања и очекувањата од утрешниот натпревар против Романија во рамки на 6. коло од квалификациската група за пласман на СП 2022.
Благоја Милевски – селектор на македонската репрезентација:
– „Романија е многу сериозна репрезентација. Имаат квалитетни индивидуалци и доаѓаат во добар момент за нив. Но, ние сме сконцентрирани на нашата игра и како треба да изгледаме на терен. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Букурешт. Не мислам дека е одлучувачки за нашето место во квалификациската група. Се надевам дека до крајот ќе бидеме во игра за второто место.
– Фудбалерите се мотивирани и подготвени за надигрување. Јас сум задоволен од начинот на кој ги одигравме двата натпревевари. Со само два-три тренинзи сите тактички задолженија ги одработија на одличен начин и ова е правецот кон кој треба да се движиме и во иднина.
– Единствениот проблем со Исланд беше нашиот психолошки момент, но работиме и на тој аспект. Се друго, технички-тактички беше на високо ниво и со многу дисциплина. Фудбалерите сега имаат поинаков начин на работа и задолженија, ги прифатија на најдобар начин и им оддавам признание за тоа.
– Натпреварот со Романија ќе биде исто така во висок ритам, напорно е да се издржат три натпревари во краток период, но јас сум убеден дека момците ќе дадат максимум и ќе бидеме подготвени за утрешниот меч. Важно е дека сите се здрави и сите конкурираат за место во тимот. Се надевам дека така ќе биде и по официјалниот тренинг“.
Столе Димитриевски – репрезентативец на Македонија:
– „Мојата цел ќе биде како и на првиот натпревар, ќе се обидам заедно со соиграчите да не бидам совладан. На претходните два меча шансите на противникот се минимизирани, тоа зборува за нашата добра поставеност во дефанзива и дека целосно ги разбираме тактичките барања на селекторот.
– Одигравме одлични 75. минути во Исланд, направив грешка за првиот гол, а потоа ни се случи психолошки пад. Но, анализиравме, работевме на сите аспекти во играта и се надевам дека утре ќе бидеме на високо ниво“.
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп20 часаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево8 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
