Хроника
Страшен епилог од сообраќајката кај гостиварско, две лица починале како последица од повреди, се судриле автомобил и тешко товарно возило
Страшен епилогот на магистралниот пат А2 Гостивар-Кичево, според информациите од терен две лица починале од здобиените повреди. Трагичната сообраќајка се случила помеѓу автомобил и камион со странски регистарски ознаки.
Поради утврдување на причините за несреќата, сообраќајот се пренасочува преку алтернативни патишта, за јавноста информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Видео запис на колегите од „ТВ21“
Хроника
Трагедија во Скопје: Во Поликлиника Чаир било донесено бебе без знаци на живот
На 06.12.2024 околу 16:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот, било донесено десетмесечно бебе. Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе било дадено за обдукција, за јавноста известија од МВР.
Хроника
По тешко боледување почина митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, нашиот духовен лидер и посветен пастир
По тешко боледување и срцеви проблеми почина митрополит на Дебарско-кичевската епархија и синодски портпарол г. Тимотеј, архиереј на МПЦ-ОА изран 1981 година. Роден е во 1951-та година во Младо Нагоричане – кумановско, со световно име Славе Јовановски.
Неговото заминување е голема загуба за Македонската православна црква и за верниците, кои ќе го паметат како духовен лидер и посветен пастир и наш татко.
За повеќе информации за неговото последно испраќање, ќе биде дополнително истакнато во јавноста.
Нека почива во мир Владиката г. Тимотеј, Бог да го всели во Царството Небесно!
Хроника
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц. (18) од Охрид, излетал од патот.
Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, за медиумите информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (10 декември)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за среда (11 декември)
-
Кичево24 часа
Ивана од Кичево и оваа година изработи новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Македонија1 ден
МВР денес спроведе акција со обвинители на ГОКК во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје
-
Временска прогноза2 дена
Долгорочната метео анализа предвидува многу ниски температури под нулата, истите започнуваат од средина на месец декември
-
Lifestyle1 ден
7 намирници кои помагаат во намалување на крвниот притисок
-
Магазин1 ден
Топ 10 најпродавани телефони во светот за крајот на 2024 година
-
Lifestyle1 ден
Кое сирење е најдобро за здравјето на срцето?